логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Katica.Kulavkova.jpg

КАТИЦА ЌУЛАВКОВА

Ритуалноста на поезијата на
македонскиот класик Ацо Шопов

(Беседа по повод промовирањето на двата избора од неговата поезија во превод на шпански (Sol Negro, Buenos Ayres: Leviatan, Poesia Mayor, 2011, traduccion Luisa Funoransky) и
на германски и француски (Soleil Noir/Schwarze Sonne, Editions PHI, Graphiti, 2012, Luxembourg, prevod)

 

Драги колеги, почитувано семејство на Ацо Шопов,
Дами и господа,
Отсекогаш во поговорките сме барале некои универзални народни мудрости втемелени врз повеќевековно искуство и сме се повикувале на нив, во дадени ситуации, како на жив доказ на мудроста. Искуството од минатото се отсликува во сегашноста. Затоа, на самиот почеток на мојава беседа ќе кажам дека врз примерот на Ацо Шопов се гледа валидноста на максимата дека ’поезијата живее и по смртта на поетот’. Судбината на поетот е составен дел од судбината на неговата поезија. Поетите се предадени на својата поезија, без остаток, кога ќе преминат на онаа, другата страна на светот. Така и споменот на македонскиот класик, како што го нареков во предговорот кон англиското издание на неговата поезија, објавено минатата година во рамки на владиниот проект на Р. Македонија, е во сенка на неговата поезија. Улогите се сменети, сега за поезијата зборуваме како за Нешто кое живее.
Двете најнови изданија, шпанското во Аргентина, и двојазичното, француско – германско во Луксембург, а јас би го додала и англиското во Македонија, како трето издание што денес го претставуваме промотивно, токму во деновите кога се навршуваат триесет години од смртта на Ацо Шопов, се несомнен доказ дека поезијата на Ацо Шопов продолжува да живее и да си ја врви својата судбинска патека. Таа патека е во онаа мера достапна, во онаа мера необрасната со тревите на заборавот, во којашто поезијата ќе доживува свои нови преводи, нови толкувања, нови читатели, во онаа мера во којашто ќе се усвојува во светот како дел од неговото книжевно и духовно богатство.
Кога деновиве започнав да мислам за тоа што ќе кажам во мојава реч денес, ме обзеде мала трема, како да се најдов соочена со јанѕата за тоа која е смислата да зборувам, ако немам што ново да кажам. А вие повеќето знаете дека за поезијата на Ацо Шопов имам пишувано, уште од млади години, во повеќе наврати, и големи интерпретативни студии, и одделни огледи, и предговори, и критики. Што сега, се прашав себеси? Никогаш, ама баш никогаш не сум се послужила со своите стари текстови за нови прилики. Полесно ми било секогаш да почнам одново и ново. Така беше и овој пат. За тоа, впрочем, имам свој повод што ми го дава мојата филозофија на поезијата, еве да си допуштам да бидам еднаш претенциозна, мојата толкувачка стратегија што ја нарекувам ’трансцендентна’.  Би можела да ја наречам и со името на некоја од варијантите во коишто поезијата го пречекорува прагот на поетскиот говор сфатен во потесна смисла како говор упатен на самиот себе, како естетски самоцелен, самоосмислен или автотеличен говор. Варијантите на трансцендентноста кои би му прилегале на Шопов и на неговата поезија би биле – обредна или ритуална поезија, поезија со висока доза на перформативност или изведбен капацитет, поезија со моќ да делува врз свеста на читателот, поезија која утешува, која возвишува и вознесува.
Таква е поезијата на Ацо Шопов, со магиска моќ, ако под магија подразбереме способност да се придвижат нештата во свеста и во душата на човекот, ако под магија го подразбереме оној чин кога преку Збор, и со силата на виспрено насочената Мисла, може да се подотвори свеста, да се отклучи катанецот на индивидуалните и колективните заблуди и неверувања. Таква е поезијата на Ацо Шопов, магиски делотворна, ако под магија го подразбереме она што го разбирале древните цивилизации (кои имале високо развиена духовност!) - онаа бела, сјајна, онаа духовно прочистена и прочистувачка моќ на јазикот да очовечува и да облагородува. Таква е поезијата на Ацо Шопов, има психагошка моќ да ја води душата од незнаење кон знаење, има моќ да ни го праќа ’добриот ангел’ на мигновеното откровение (да се потсетиме на Карл Г. Јунг), она кое ни доаѓа во состојби на медитација, на душевна опуштеност и на духовна луцидност, она кое ни го трга превезот на мрак пред очите и ни го прави светот поподнослив во неговата неподносливост.

   1 Студијата за трансцендентната херменевтика ја објавив во Interpretations 4/5, Skopje: MANU 2011.
Од оваа перспектива погледната, поезијата на Ацо Шопов се чини дека е катарсична во својата лудистичност и заумност, во својата чувствителност и податливост за игра со зборовите, за ритамот на африканските танци и за природната, да кажеме исконска ритмичност на телото на жената и на мажот, а тоа значи - не само во состојба на возљубеност. Од оваа гранична перспектива, се чини дека поезијата на Ацо Шопов е чинодејствена и ритуална во својата во својата молитвеност и податливост за сценска изведба, колку и да се чини затворена во својата естетичност и во својата ексцентричност.
Денес, дами и господа, си допуштам да кажам дека, ако поезијата на Ацо Шопов има некое постојано/трајно обележје, нешто што го востановува нејзиниот индивидуалитет и идентитет, нешто што ја чини препознатлива меѓу другите поетски индивидуалности на македонската современа поезија, тогаш тоа нешто е чинодејственоста на јазикот на неговите песни. Поезијата на Ацо Шопов се одликува со интуитивна свест (насетување) дека јазикот не е само јазик, дека јазикот е чин во којшто се збиднува нешто отаде јазикот (транслингвистичко, нешто кое го трансцендира чисто јазичниот чин), дека во поезијата се сретнуваат тие две лица на јазикот, семиотичкото, драматичното и метафизичкото, информативното и евокативното, естетското и трансестетското, лудистичкото и катарсичното, спознајното и ритуалното.
Современата лингвистика на говорните чинови (илокуциска, илокуционарна, илокутивна, "illocutionary act") (од Џон Л. Остин  и Џoн Серл  наваму) веќе половина век ја предочува моќта на говорните чинови кои го надминуваат прагот на констативното и информативното, затоа што се покажува дека  вршат и некоја дополнителна функција, некогаш чисто прагматична, некогаш транслингвистичка, етичка, психагошка и сл. 4

 2  J. L. Austin, How to Do Things with Words, ed. by J. O. Urmson and Marina Sbisá. Cambridge, Mass.: Harvard University Press, 1962.
  John Rogers Searle, Speech Acts: An Essay in the Philosophy of Language (Cambridge University Press, 1969); Expression and Meaning: Studies in the Theory of Speech Acts (essay collection; 1979); Intentional Acts and Institutional Facts (essay collection; 2007).

  Како примери за илокуциски говорни чинови ќе ги наведам: оние кои се поврзани со номинации на претседатели, објавување на војни, прогласување на мир, идентификација на идеолошкиот или некој друг официјален непријател, венчавање, осудување, правење кодекси, црни и бели листи, усвојување на устав и уставни амандмани...


И теоријата на книжевноста (Џонатан Калер, Умберто Еко, Шошана Фелман, Пол Рикер) подолго време ја подвлекува, исто така, врската на книжевноста со перформативните и трансцендентните констелации, упатувајќи не само на нераздвојноста на усната книжевност од народната култура, туку и на функцијата на книжевноста во конституирањето на културните идентитети и во негувањето на мемориските традиции на народите во светот. Испаѓа дека книжевноста е сепак фактор на опстанок на културните идентитети, дека самопрепознавањето, самоидентификацијата и диверзификацијата по однос на културните другости се остварува преку книжевните опуси/дела во коишто на визионерски начин се впишал духот на еден народ. Тоа не ја намалува улогата на книжевноста во пробивањето на стегите на локализмите. Тоа само покажува дека може да се универзализира само она кое е втемелено врз препознаени/идентифицирани сушности или есенции, дека егзистенцијата трае ако има есенција.
Кај поезијата на Ацо Шопов забележуваме еден логичен, би рекла, развоен тек, од самите творечки почетоци до самиот творечки крај, приврзан, темелно заинтересиран за битието на јазикот и како тоа да се употреби за да се искаже битието на човекот како таков, а не само како историска и биографска личност, и како да се практикува битието на јазикот за да се сензибилизираат луѓето и да се отворат спрема човечката природа на којашто не и’ е туѓо профаното, но не е лишена ни од сакралното. Како да се облагороди профаното, како да му се даде човечка димензија на сакралното? Уште во раните песни на Ацо Шопов - „Љубов“ („Очи ти сакам молњи да режат...“) и „Убавината“, се регистрира присуството на силна волја да се збидне она што посакуваме да биде, што тој (како поет) го постигнува преку оптативни, вокативни и гномични искази:  
„Прострелај ме, па сè нека стивне
без расудок, без празно умување,
и блесокот на тоа лудување,
само твојот блесок нека вивне.“
      „Убавината“

Katica.Kulavkova.jpg

Katica.Kulavkova.jpg

Седумдесеттите години, кога се профилира кодот на македонската модерна лирика, Ацо Шопов повторно се свртува кон жанровско-стилски варирања на перформативноста, овој пат особено заинтересирани за молитвениот дискурс (циклусот „Молитвите на моето тело“ во којшто молитвениот дискурс е изведен како ритуална парабола на раѓањето и на умирањето).

   Гномичноста се огледа и во неговиот катрен „Во тишина“.

И навистина, молитвеноста е варијанта во којашто се актуализира праобразецот на лириката. Уводната песна на збирката Небиднина, „Раѓање на зборот“, денес можеме да ја сметаме не само како манифест на македонскиот неосимболизам и супрематизам, туку и како интенција да се повтори симболично (да се изведе, да биде перформатив) ритуалот на создавањето на светот преку раѓањето на јазикот. Оваа песна, колку и да е херметична, колку и да има призвук на бајачка, се восприема од читателите како една од најпопуларните песни на Ацо Шопов. Зошто е тоа така, се поставува прашањето? Зошто го сакаме и памтиме она што не го разбираме сосема? Зошто се приврзуваме за заумното? Дали заради неразбирањето како такво, или, можеби, поради ритуалноста која му е иманентна на човечкиот дух и на човечката култура и егзистенција? 
Што друго, ако не човечкиот Јазик (кој е - во поствавилонската епоха - разединет и диверзифициран на илјадници различни етнокултурни и национални лингвистички ентитети) има поинтимна врска со Мислата, Умот и Мечтата? Што друго ако не Јазикот има повеќе моќ да делува врз човечката психа, а преку неа и врз човечкото дејствување? Што друго ако не Јазикот - побудува силни емоции, поттикнува да се направат одредени постапки, да се заземат одредени ставови, да се градат одредени идеологии и погледи на свет? Што друго со таква магична моќ отвора железни порти и сурови срца, што друго гради домови и руши домови, ако не Речта? Која Реч има поголема моќ од обредната, перформативната и, во тој контекст, поетската?
Според моите разбирања на творечкиот развој на Шопов, тој ги насетува овие прашања за естетската, психагошката и етичката функција на поезијата, и ги следи нивните одговори во својата поезија од нејзините почетоци до крајот. Во таа смисла, тој ги возобновува дискретно - на свој начин, со свој стил - вековните народни обредни традициии, традицијата на молитвење, на исповедање и на тихување, традицијата на воспевање, на инвокација и инкантација, традицијата на поговорки и гатанки, традицијата на пофалби и поплаки (или како што тој вели, на мака и на радост).
Во својата поезија, овој македонски херметичен поет, повикува, во духот на поетскиот патос и ритуал, да имаме подобри времиња и пријатели, да бидеме подобри како луѓе, еден спрема друг, еден за друг, така што Добрината во неговата поезија претставува парабола на една современа хуманистичка етика (1957). Шопов го насетува, уште во раните седумдесетти години, ’грозоморот’ од Небиднината (неегзистенцијата, разнебитувањето, Ништото). Токму во неговата поетска филозофија на небиднината тој го актуализира архетипот на Сенката и на колективното несвесно, предочувајќи обредно, пред севкупната јавност, дека и кога се наоѓаат пред небитието, луѓето всушност можат да одберат - или бездна, или покров. Пред тоа искушение стои целото човештво, денес и секогаш, поставено пред моралните дилеми на егзистенцијата - да се биде хуман или да не се биде, и како тоа да се постигне во услови на пореметени, фингирани и лажни вредности спакувани во дипломатските и медиумските реторики на моќниците.
„Најдобрата поезија на Ацо Шопов е создадена во времето кога македонската култура доживува своја творечка ренесанса“ и кога македонскиот јазик „имаше слобода и право да крикне до кај што го носи грлото“ (Ќулавкова, 2011). Ацо Шопов го напушти овој свет пред да започне да се збиднува голготата на македонското разнебитување. За него таа голгота беше можеби само поетска визија, можеби кошмарно соочување со македонското Црно сонце, за нас пак стана мрачната страна на нашата стварност.  Не случајно, и двете нови книги во коишто е претставена селективно неговата поезија, објавени во Аргентина и во Луксембург, го носат насловот Црно сонце (како наслов на едниот циклус од збирката Гледач во пепелта од 1970 година). Имено, збирката Гледач во пепелта, покрај Небиднина се вбројува во врвот на македонската Модерна, а пак македонската книжевна и културна Модерна денес се очитува како македонска нео-ренесанса, како Нова Преродба на македонскауа уметност, јазик и култура.
Во својот развој, поезијата на Шопов се враќа назад во времето преку јазикот во којшто се реконструира чинот на раѓањето на Светот. Шопов се фасцинира од универзалните слики на Црното Сонце и Црната Жена, на Крвта, на Огнот, на Водата, на големата Мајка и Сестра, на Битието и Небиднината, на суштествувањето и на сушноста. Тој се движи вешто по тенката жица на небиднината и, при тоа, нè опоменува дека од нас зависи дали ќе опстанеме или ќе нè снема (индивидуална и колективна егзистенција). Токму преку обредните дијалози со Црното Сонце, Огнот, Крвта и Небиднината, Ацо Шопов се отвора спрема универзалните мистични топоси и кореспондира, повеќе имплицитно, со други автори и традиции – од Виктор Иго и Леополд С. Сенгор, до фолклорните балкански, македонски и африкански традиции, кои се придобивка на светското духовно наследство. Неговиот поетски развој е парабола за развојот на неговата свест за врската меѓу поетот и неговиот народ, свест која е навестена уште во неговата рана антологиска песна „Очи“, а се изразува и во неговата последна збирка Дрво на животот. Тоа се крунисува, пред крајот на неговиот живот, со едно тестаментално обраќање до македонскиот народ и до Македонија, што исто така е облик на обредност и трансестетски премин од другата страна на јазикот. Не само македонскиот.

Дами и господа,
македонската поезија ја има задолжено светската култура со неколку поети, меѓу коишто Ацо Шопов е, несомнено, еден од најзначајните, а неговите збирки Небиднина и Гледач во пепелта едни од најфасцинантните. Посматрана веќе од извесна толкувачка дистанца, може да се каже дека поезијата на Ацо Шопов е средба со Времето што тој, како поет, го препозна како Свое. Како што стојат работите денес, кога поезијата на Шопов влегува во процес на поинтензивна рецепција во светот, и Времето го доживува него како Свој поет. Сведоци сме, еве и денес, дека светот веќе го доживува Ацо Шопов како Свој поет. Преку него, да се надеваме, ќе ја сфатат полесно и посебноста на македонската култура, во којашто е втиснат длабоко печатот на македонскиот јазик, на македонската писменост книжевност.

Ману, 3 мај 2012 год.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная