РУСИНКАТА ЛАРИСА ХРУСТАЛЈОВА, ИНСПИРИРАНА ОД ЗЕМЈАВА, ИЗДАДЕ КНИГА - ПАТОПИСЕН ПЕЈЗАЖ
Вљубете се во Македонија
Молитви испеани од владиката Николај Велимировиќ крај Охридското Езеро во првата половина од 20 век ја воодушевувале Русинката Лариса Хрусталјова која, читајќи ги, се запрашала кое е тоа инспиративно езеро, каде се наоѓа, посакала да допре до него. Со текстот од професорката Вера Антиќ влегуваме во приказната за Хрусталјова која, инспирирана од Езерото, дошла во Македонија, а од нејзиниот дваесет и тридневен престој произлегла книгата - патописен пејзаж "Белите птици на Македонија".
Професорката Антиќ, неодамна до книгата дошла во Бигорскиот манастир, и пишува дека рускиот рецензент Вадим Наговицин заклучува: "Срцето на саканата земја и душата на секој народ се определува со духовните вредности. Православните светињи ни ги откриваат срцето и душата на Македонија - толку мала и бескрајно блиска за нас земја. Прочитајте ја оваа забележлива книга, и вие со целата душа вљубете се во прекрасната земја Македонија".
Лариса Хрусталјова ја претставува резимирано историјата на Македонија, потенцирајќи ги нејзините старини кои ја исполнуваат нејзината културна и духовна суштина. Ја нагласува нејзината библиска препознатливост, во која денес открива трајни вредности. Огромно количество цркви, манастири со ретки фрески, археолошки паметници, стари книги и икони, уметнички ракотворби.
Според Антиќ, мошне интересен е откривачкиот монашки живот во македонските манастири, потоа воодушевеноста од природните откритија покрај реката Радика, за да стигне во Бигорскиот манастир. Антиќ вели дека со високи патописни одлики се одликува нејзиниот патопис кога ги опишува вредните монаси од "Св. Јован Крстителл и монахињите од "Св. Георгиј Победоносецц во Рајчица.
Големо поглавје е посветено на Охрид, на црквите, манастирите, сесловенските просветители, потоа на Струга каде што песните на Есенин се слеваат во струшкото крајезерие. Патописот продолжува со откривање на Курбиново, "Св. Богородица - Слимничка", "Св. Наумм. Следат Битола и Прилеп, со "Зрзее, "Тресаквецц, "Богородица Пречистаа , Кичевско, Слепче, Журче. Оди до Струмица со "Велјусаа и "Водочаа, како и со "15 тивериополски мачениции. Се навраќа во радовишките градби, за да се врати во Марковиот манастир, потоа во кањонот на Матка.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=619EB47376E019409D7066B0BD78C971