СПИСАНИЈА
Во списанието за книжевност и култура "Акт" бр. 24 најпрвин се укажува на фактот дека е време за капитални проекти и тоа преку поводот "60 тома македонска литература". Потоа се анализираат полемиките за македонската книжевност, преку авторот Данило Коцевски, чија книга "Побуна на интелектуалците" е најавена како најново од "Улис". На страниците на "Акт" објавена е и драма "фарсата во три дела" од акад. Гане Тодоровски, насловена како "Попладневната дремка на Марко Бабачко". Понатаму се презентирани делови од последниот роман на Блаже Миневски "Нишан", поезијата на Братислав Ташковски, анализирана од Роман Кисов, драмата "Ноќ спроти Свети Никола" на Братислав Ташковски, за "Универзумот на Ернесто Сабато", пишува Коцевски...Уметничкиот и актерски профил на артистот и професор Кирил Ристоски е раскажан од перото на Јелена Лужина. На филмскиот медиум се осврнува Софија Тренчовска, а Авни Халими пишува за "Лавиринтите на помнењето".