Новата книга која се однесува на Македонија и нејзината историја е "Македонија и Балканот" од проф. д-р Новица Велјановски.
"Авторот, кој по образование е правник и доктор на историски науки, нуди труд кој ги расветлува меѓународните аспекти на македонското прашање во 20 век. За Македонија дваесеттиот век е исклучително значаен затоа што во него се случија многу трагични настани, а се случија и други настани врз база на кои Македонија се создаде како самостојна држава на еден дел од нејзината етничка територија", велат од издавачот "Македонска реч".
Авторот Велјановски се осврнува на некои историски аспекти на македонското прашање по Берлинскиот конгрес од 1878 година, во првата глава со наслов "Македонија нов балкански субјект" го опфаќа периодот до завршувањето на Втората светска војна, во втората: "Македонија во фокусот на интересите на балканските држави", се говори за Македонија и нејзините соседи...
(Де.Т.)
Извор: Вечер