МОНАСИ
Алилуја Алилуја Слава тебе Боже
Во кроткоста нивна столбовите на верата се крепат
Со тоа нивно небесно од душата кротење
Зазорено псалмите божји во росата ги калемат
Во тоа нивно со господа милозвучно шепотење
Алилуја Алилуја Слава тебе Боже
Свиени во засекот на таа планина стрма
Покрај реката низ која тече нашата НИКА
Во вировите го фрлаат сознанието како божја крма
Да се зберат рибите пред спасителот што ги вика
Алилуја Алилуја Слава тебе Боже
Испоснички коленичат пред фреската со живоносна жртва
Апостоли и ѓакони на тој народен духовен камин
Светлината ангелска во рисјата никогаш не ќе биде мртва
Насушна е милоста од речта ваша, Амин
Св. Јован Крстител Биогорски
2005 година -отсекување на главата на св. Јован
Иван Јовановски Карас (збирка - Нужда за Допир)