Книгоиздателството "Македонска реч" од Скопје неодамна ја објави книгата на проф. д-р Добрила Миловска "Ракописната традиција во македонските цркви и манастири".
Во книгата, која е означена како прва, се претставени девет манастири во кои било создадено големо културно наследство - "Св. Јован Бигорски", Лесновскиот "Св. Архангел Михаил", Марковиот "Св. Димитар", "Св. Прохор Пчињски", "Св. Јоаким Осоговски", "Трескавец", "Зрзе", "Св. Пантелејмон" и Слепченскиот манастир "Св. Јован Претеча".
Освен куси податоци за историјатот на нивното настанување, за нивните градители и возобновители, во книгата се даваат податоци за ракописите и за нивните творци, односно за посветеноста и истрајноста на пишувачите, но и на нивната предаденост на писменоста и на христијанската вера.
Извор:Вечер