логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Европската славистика за Македонија и Македонците


Македонија е присутна во европската наука многу години пред формирањето на државите по Втората светска војна. Дел од фактите, кои се од огромно значење за нас, наскоро ќе бидат печатени од МАНУ, во делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции". ВЕЧЕР, ексклузивно, пренесува дел од книгата што ќе се појави следната година, преку презентациите на научниците присутни на истоимениот меѓународен собир


- Славистичката научна мисла многу рано продрела до суштинското прашање за етнитетот и културата на Македонците, вели академик Блаже Ристовски, во "Европската славистика за Македонија и Македонците до формирањето на македонската држава".

- Тоа го забележаа некои слависти, кои и аргументирано ги пласираа своите согледби во европската јавност. Тоа пак доведе до бурни полемики за јазикот, фолклорот, историјата и културата на Македонците што значително помогнаа да се вообличи претставата за македонскиот културно-национален ентитет. Ваквиот развиток го помогнаа и револуционерно -востаничките акции во Македонија и појавата на македонската научна мисла и практична дејност на словенската сцена. Дојде и до првите јавни признанија на македонскиот етнокултурен индивидуалитет - првин на словенско, а потоа и на меѓународно ниво. Така славистичката наука во текот на едно столетие внесе многу маглини во претставата за Македонија и Македонците, но истовремено и суштествено придонесе за нивната конечна национална и меѓународна афирмација", коментира академик Ристовски.

Тој говори и за Охридската архиепископија. "Бидејќи во шеријатска Турција беше битна припадноста на народот кон одредена црква, се покрена и прашањето за историјата на православните цркви, па и за историјата и карактерот на Охридската архиепископија. Интересот за јазикот го разбуди интересот за писменоста и книгата, па следствено и за училиштето и учебниците", вели академик Ристовски, и потенцира дека токму тука се судриле интересите на соседите и нивните европски поддржувачи. "Се родија националните пропаганди во Македонија, чии реперкусии се војните за дележ и последиците што се чувствуваат до денеска. Славистиката не остана невина во таа драматична историја", вели академикот.

За македонскиот преродбенски процес
- Славистката како наука е рожба на XIX век, па и нејзиниот однос кон Македонија и Македонците како субјекти во словенскиот и балканскиот свет се пројавува главно по Првото српско востание. Тоа се совпаѓа и со зголемениот интерес на Русија кон Босфорот и кон состојбите на словенскиот православен Балкан. Тоа е и времето кога почнуваат да се будат митовите кај балканските народи за историските државни реликти од далечното минато. Тогаш се зародува и македонскиот преродбенски процес, оптоварен со многу наслаги од многувековното недостатно диференцирано и именски национално уште недефинирано културно-историско наследство, објаснува академик Ристовски.

За славистиката и претензиите на соседите
- Во XIX век Македонија стана објект на разни интереси и предмет за акција на постепено артикулираните претензии на соседите. И заинтересираноста на славистиката се изразуваше во пазувите на таквиот развиток на овој дел на Европска Турција. Бидејќи и славистиката како наука се зароди и се разви главно во словенска Европа, таа не беше туѓа на големодржавните стремежи на Русија, но и на национално-политичката чувствителност на потчинетите, а веќе разбудени словенски народи, коментира Ристовски.

Дејан ТРАЈКОСКИ

 

ЕКСКЛУЗИВНО: МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА НАУКА ПРЕД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА


Старословенскиот јазик не потекнува од Бугарија


Македонија е присутна во европската наука многу години пред формирањето на државите по Втората светска војна. Дел од фактите, кои се од огромно значење за нас, наскоро ќе бидат печатени од МАНУ, во делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции". ВЕЧЕР ексклузивно пренесува дел од книгата што ќе се појави следната година, преку презентациите на научниците присутни на истоимениот меѓународен собир


Оспорувањето на македонската теорија како долгогодишна официјална политика на повоената Бугарија, и потеклото на старословенскиот јазик се темите за кои говори и професор д-р Влоџимјеж Пјанка од Варшава.

- Мјечислав Малецки, првиот полски македонист, во својата незавршена книга за најстариот словенски книжевен јазик (1947 г.) подвлекува дека до почетокот на ХIХ век не се чувствувала потребата старословенскиот јазик, како и во кирило-методиевата доба, да се нарече поинаку отколку словенски. Тој генетски не бил поврзуван со бугарскиот јазик, како што се случи тоа при крајот на тој век, вели професорот Пјанка. Тој ја коментира и грешката на чешкиот филолог Јозеф Добровски, кој се смета за татко на славистиката. - Во 1822 г. Добровски изрази мислење дека старословенскиот јазик потекнувал од Бугарија (или од бугарско-македонско-српско наречје"). Меѓутоа тој немаше уште доволни знаења за тоа, бидејќи тогаш немаше уште ниту дијалектолошки испитувања, ниту доволни познавања од историјата на словенските јазици, а покрај тоа тој ги поистоветуваше предците на Србите со Прасловените, тврди полскиот професор, кој, како и многу научници, обрнува внимание и на книгите од Словенецот Облак и Малецки од Полска. "Македонската теорија, конечно, се потврди со објавувањето на двете студии од македонската дијалектологија. Авторот на првата (издадена посмртно) беше Словенецот Ватрослав Облак (Macedonische Studien - посмртно 1896 г., македонски превод: "Македонски студии", 1994 г.), а на втората Полјакот Мјечислав Малецки (Dwiegwary macedonskie (Suche i Wysoka), И дел 1932 г., II дел 1934г.), вели Пјанка.

Тој дава осврт и на политичкиот фактор во лингвистиката, кој, како што вели, трае и денес. "Пред повеќе од два века пред славистичката наука се постави прашањето за потеклото на старословенскиот јазик. Најголемиот дел од словенското население живееше тогаш, покрај малку достапната за европските научници Турција, во Русија и во многуте други германскојазични држави, од кои најголеми беа Австрија и Прусија, за кои земјите населени со словенските народи беа од голем политички интерес. Политичкиот фактор (од различни побуди и интереси) влијае врз оваа научна дисциплина се до нашето време", коментира Пјанка.

Оспорувањето на Македонската теорија од Бугарија
- И кога беше веќе утврдено дека основата на старословенскиот јазик е солунскиот говор, непризнавањето на постоењето на македонскиот јазик како посебен словенски јазик пречеше еднозначно да се уточни потеклото на старословенскиот јазик. Состојбата се промени по прогласувањето на македонскиот јазик како официјален јазик на Македонија во состав на Југославија во 1945 година. Меѓутоа оспорувањето на македонската теорија долги години беше официјална политика на повоената Бугарија, објаснува професор Пјанка.

За Русија старословенски - за Бугарија староблгарски!?
Во втората половина на ХIХ век се појавуваат првите старословенски граматики, хрестоматии и речници. Тие излегуваат на руски, француски и германски јазик. Руските научници се служат со термините како црковно-словенски или старословенски јазик. Во француските изданија е општо прифатено le vieux Slave. Во германскиот се јавува Kirchenslavisch, Altkirchenslavisch, но исто така Altbulgarisch и тоа кај А. Лескин (шест изданија од 1871 до 1922). Од Лескин овој назив го презеде Полјакот С. Слоњски, кој студираше кај него во Лајпциг (staroslowianski (starobulgarski)), но кај другите полски автори се употребуваа термините staroslowianski или staro-cerkiewno-slowianski. Терминот старословенски е прифатен во чешкиот и во хрватскиот јазик (staroslavenski), како и во другите словенски јазици. "Како што се гледа, терминот "староблгарски език", воведен официјално во Бугарија, потекнува од германскиот славист Аугуст Лескин (1840-1916). Тој се употребува и во наше време од некои западноевропски (главно германскојазични) лингвисти, како на пр. Ото Кронштајнер или Рудолф Ајцетмилер", вели професор д-р Влоџимјеж Пјанка.

Дејан ТРАЈКОСКИ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1077
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2647
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная