Жртва на пофалбата!
Сведочи местотo
Прелеста на пролетта, во која
вечерта со дувањето на тивкиот
ветар, дали вратата на
новото време ја отвараше, или пак
сè беше како кратка илузија,
претворена во лажна пролет.
Остана да сведочи местото на кое
некогаш во далечното време
трпезата со Агапи споменито
меѓу Киновитите црнорисци
телата ги напојуваа за Духот на
молитвата да продолжи името
на Христа да го повторува.
Во реалноста нешто чудно се
случува кога времето својот
чекор го менува.
Блажен е Духот кој преку
телото со гревот се бори, а
денес од далечното време
остана да сведочи местото...