логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Расказ

На гости кај мужикот
Настапи Раѓањето Христово. Беше лута зима.
Тимофеј дојде кај мене на Бадната вечер и ми рече:
-Брате мил, утре ќе го дочекам и Господ...

Николај С. Љесков

Оваа приказна за тоа како Самиот Христос дошол на гости кај мужикот, на Празникот на Рождеството и што таа го научила него, ја слушнав од еден стар Сибирец, на кого оваа случка му била добро позната. Тоа што тој мене ми го раскажуваше, ќе ви го пренесам со негови зборови.
Нашето место настанало како населба на изгнаници. но беше убаво трговско место. Мојот татко дошол во овие краишта во времето, кога во Русија се уште постоело кметството, а јас сум се родил тука. Со оглед на нашата положба, имавме задоволувачки приходи, а ни сега не оскудуваме. Се држиме до верата проста, руска. Татко ми беше начитан човек и мене ми ја пренесе љубовта кон читањето. На оние што ја сакаат науката, би му бил вистински пријател, и јас бев готов, за него, во оган и вода да се фрлам. И, гледај, Господ еднаш ми го прати како утеха Тимофеј Осипович, за когошто и сакам да ви раскажам, какво чудо се случи со него.
Тимофеј Осипович дојде кај нас како младич. Тогаш јас имав осумнаесет години, а тој, можеби неполни дваесет. Однесувањето на Тимофеј беше беспрекорно. За тоа, зошто по судска пресуда дошол во изгнаничка населба, во нашата ситуација и од почит кон човекот, не се распрашуваше, ама се зборуваше дека неговиот стрико му направил некаква неправда. Во неговото детство, кога останал сираче. тој му бил старател и го потрошил или присвоил целото негово наследство. Тимофеј пак, по својата младост бил брз, меѓу нив дошло до расправија и тој пукал во стрикото. По милост на Создателот, гревот на неговото безумие не се исполнил до крај. Тимофеј само тешко го ранил во раката. Заради младите години, на Тимофеј не му била изречена тешка казна и бидејќи припаѓал во првиот ред на трговскиот сталеж, го пратиле кај нас, во населбата.
Од имотот на Тимофеј, иако девет десетини од него биле разграбани, и со десеттата се уште можело да се живее, тој кај нас изгради куќа и почна да живее, но во душата го печеше навредата и долго избегнуваше секаков живот. Седеше постојано во куќата, го гледаа само слугата и слугинката, постојано читаше книги и тоа оние, најбоженствените.
На крајот, јас и тој се запознавме преку книгите и јас почнав да одам кај него, а тој со радост ме примаше. Се допаднавме еден на друг.
Моите родители од почетокот без волја ме пуштаа кај него. Тимофеј им се чинеше чуден. Зборуваа: „Не се знае зошто е тој таков и зошто сите ги избегнува... Да не те научи на нешто неубаво... " Јас пак, бидувајќи послушен на волјата на родителите, вистината им ја зборував на татко ми и мајка ми, кога тврдев дека ништо лошо од Тимоша не слушам, туку дека ние двајцата се занимаваме со тоа што заедно читаме книги и зборуваме за верата: како треба да се живее по светата Божја волја, за ликот на нашиот Создавач во себе да не го нагрдиме и извалкаме. И тие почнаа да ме пуштаат кај Тимофеј да седам колку што сакам и самиот, татко ми, одеше кај него, а потоа и Тимофеј Осипович дојде кај нас.
Моите родители увидоа дека тој е добар човек, го засакаа и многу почнаа да го жалат, затоа што тој толку често беше потиштен. Ке се сети на својата навреда, особено ако му кажеш некој збор за стрикото и целиот ќе побледи, а потоа оди вознемирено и рацете му омалуваат. Тогаш не му е ни до читање, а во очите, наместо постојаната нежност, гори гнев. Да се биде чесен, беше умна глава, но заради тагата, со ниедна работа не се зафаќаше. Но Господ, наскоро помогна за тагата негова: на Тимоша му се допаѓаше сестра ми, тој со неа се ожени, и престана да тагува и почна да живее и имот да стекнува, и за десет години стана најдобар човек во очите на сите. Куќата ја подигна како господски дворец  имаше од се многу, од се доволно и од сите почитување, и добра жена, а децата здрави. И што уште му треба на човекот? Изгледаше дека сите претходни тагувања можат да се заборават, но Тимоша, сепак, постојано се сеќаваше на својата навреда и еднаш, кога ние двајцата патувавме со талигар* и разговаравме во најдобро расположение, јас го запрашав:
- Како е, брате Тимоше, дали си сега
на свое?
- Во која смисла? Запраша тој.
- Го имаш ли се она без кое остана во родниот крај?
Тој во моментот потполно пребледе и ни збор не одговори, но само молкум управуваше со коњите. Тогаш јас му се извинив.
- Ти, му реков, брате, прости што така те прашав. Мислев дека злото одамна минало и е веќе заборавено.
- Не пречи што одамна минало, рече, се се памти...
Ми беше жал за него, но не затоа што некогаш имал повеќе, туку затоа што беше така помрачен: Светото Писмо го познава и за него умее добро да зборува, а за навредата такво сеќавање чува - значи, со Неговата света реч не се користи.
Се замислив: бидејќи го почитував како во се поумен од себе, од него очекував да се служи со добро расудување, а тој зло памти... Тој ова го примети и рече:
- За што размислуваш?
- Така, реков, за што било. И за тебе размислувам.
- А што за мене размислуваш?
- Немој да се налутиш, еве што за тебе помислив. Светото Писмо го познаваш.,но срцето твое е гневно и на Бога не се покорува. Имаш ли некаква корист од Писмото?
Тимофеј не се налути, само му се смрачи лицето од жал и одговори:
- Ти не си упатен за да наведуваш света реч.
- Во право си, реков, јас не сум
упатен.
- Не си упатен, рече, ни во тоа какви навреди има на светот, кои не можат да се истрпат и јас не сум гневен на мојот стрико заради парите, туку заради нешто друго, што не може да се заборави. За тоа цел век би молчел, но ќе се отворам пред тебе како пред свој пријател.


И ми откри дека стрико му смртно го ожалостил неговиот татко, со тага ја испратил во гроб неговата мајка, и него самиот го оклеветил и во своите стари денови со ветувања навел и со закани принудил некои луѓе за него, старец, да ја омажат младата девојка, која Тимоша ја сакал од своето детство и мислел дека ќе ја земе за жена.
- Зар може, рече, сето тоа да се прости? Јас цел живот нема да му простам.
- Всушност, одговорив, таа навреда е голема, тоа е вистина, а дека Светото Писмо не ти е од корист и тоа не е лага.
А тој мене ме потсетува дека јас сум од него послаб во Светото Писмо и почнува да наведува како во Стариот Завет самите свети мажи не ги штеделе безакониците и дека дури со сопствени раце ги убивале. Сакаше, беден, со тоа својата совест пред мене да ја оправда. Јас одговорив:
- Тимоша! Ти си умна глава. Начитан си и се знаеш и јас против тебе, според Светото Писмо, не можам да одговорам. По нешто сум прочитал, ќе ти признаам, се не разбирам, бидејќи сум грешен човек и ум имам ограничен. Сепак, ќе ти кажам: во Стариот Завет се е старо, а во Новиот јасно стои „Љуби и простувај", и тоа ми се допаѓа како златен клуч што секоја брава ја отвора. А што да се простува, ако не баш најголемата вина?!
Тој молчеше.
Тогаш во душата си помислив:
- Господе, нели е угодно на вољата Твоја преку мене збор да му кажеш на братот мој? Како Христос го удирале. навредувале, плукале и направиле само
за Него никаде место да нема, а Он на сите им прости.
- Угледај се на тоа како што најдобро знаеш, но јас се плашам дека „многу книги безумен те чинат". Ти си се окомил на себе. Додека зло памтиш, злото е живо, а нека умре оно, тогаш и душата твоја во спокој ќе почне да живее.
Тимофеј ме сослуша до крајот и силно ми ја стегна раката, но не стана нашироко да ми зборува, туку кратко ми рече:
- Не можам, остави, тешко ми е. Го оставив. Знаев дека боледува и молчев, а времето минуваше и поминаа уште шест години, и за целото тоа време јас го набљудував и видов дека тој постојано страда, и дека кога би му се дала слобода, и некаде до својот стрико да дојде, би заборавил на целото Свето Писмо и би подлегнал на осветољувивата сатана. Но во своето срце бев спокоен, затоа што во тоа го гледав Прстот Божји. Он почна постепено да ми се прикажува, навистина, а најпосле и целата Рака ја видов. Ќе го спаси Господ мојот пријател од гревот на гневот. Чудесно е како се случи тоа. Тимофеј живееше кај нас во прогонство шеснаесет години, а поминаа веќе петнаесет откако се ожени. Имаше, значи, триесет и седум или осум години, и имаше три деца и живееше мошне убаво. Особено сакаше цвеќиња - рози, и ги имаше многу, и на своите прозорци и во градината. Се пред неговата куќа беше засадено со рози и целата куќа ја облеваше нивниот мирис.
А имаше Тимотеј навика, додека сонцето се ближи кон залезот, неизбежно да излегува во својата мала градина и самиот да ги дотерува

„Љубете ги непријателите свои, чинете добро на оние
кои ве навредиле" – Христос ќе дојде во срцето, како наутро измиена
одаја и ќе си направи живеалиште Себе си

своите рози и да чита книга на малата клупа. Дури, колку што ми е познато, се случувало тука понекогаш и да се моли.
Соодветно на таквиот обичај, дојде тој еднаш во градината и го зема со себе Евангелието. Ги погледа розите, а потоа си приседна, ја отвори книгата и почна да чита. Чита како Христос дошол во посета на фарисејот и како притоа не му дале дури ни вода нозете да си ги измие. И тоа за Господа, на Тимофеј, му било несносно навредливо и му беше жал за Господа. Толку жал, та се расплака. Кога гледај, во тој миг се случи и почетокот на чудото за кое мој Тиомоша вака ми говореше:
- Гледам, зборуваше, околу себе и си мислам: како јас имам се во изобилие и на претек, а Господ мој одел во таква беда... И очите ми се наполнија со солзи и никако од очите не можев да ги тргнам. И се околу мене доби боја на роза, дури и самите мои солзи. Така во некој вид на занес или премаленост, воскликнав: „Господе, кога би дошол Ти кај мене, јас би ти се дал самиот себе си! "
А одеднаш, во одговор, како во здив на трендафилов ветрец затрепери глас:
- Ке дојдам!
Тимофеј, целиот треперејќи, дотрча кај мене и ме запраша: „Како не разбираш, зар Господ може кај мене на гости да дојде? " Одговорив:
- Тоа е, брате, над моето разбирање. Што се кажува за тоа во Светото Писмо?
А Тимофеј рече:
- Во Писмото стои: „Христос е ист, и денес и во векови", јас не смеам во тоа да не верувам.

- Па добро, реков, верувај.
- А јас ти велам дека секој ден прибор на масата за Него ќе поставувам.
Кренав раменици и реков:
- Ти мене не ме прашувај, види самиот што е најдобро по Негова волја, а што се однесува до приборот за Него, тоа не го сметам за навредливо, само нели е тоа - гордост?
- Речено е „Он грешници прима и со цареви другарува".
- Но речено е и ова: „Господе, не сум достоен да влезеш во домот мој! " Мене и тоа ми се допаѓа. Тимофеј рече:
- Не знаеш ти.
- Добро, нека ти биде.
Тимофеј и нареди на жена му од следниот ден да ја поставува масата за уште еден. Бидејќи околу масата седат петтмина - тој, жена му и три деца, шестото место на крајот од масата секогаш кај нив било почесно и пред него стоеше голема фотелја.
Жена му беше љубопитна: Што е тоа - зошто и за кого? Но, Тимофеј не и откриваше се. На жена си и на другите, им зборуваше само дека така треба, според заветот на наговата душа, „за гостинот", а за она вистинското, освен него и мене, никој не знаеше.
Го чекаше Тимофеј, Спасителот, вториот ден после оние зборови кои ги слушна во градината, чекаше и третиот, потоа и првата недела, но тие исчекувања останаа неисполнети. На секој голем празник Тимофеј постојано го очекуваше Христос на гости, го мачеше немир, но не отстапуваше во надежта дека Господ ќе го одржи Своето ветување - дека ќе дојде. Ми откри: Секој ден се молам - О, дојди Господи, и очекувам, но не го слушам посакуваниот одговор - „доаѓам наскоро! "
Разумот мој беше во недоумица, што да му се одговори на Тимофеј и често помислував дека мојот пријател се погордеал, та се заплеткува сега во непотребно искушение. Сепак, Божјото гледање на тоа би било поинакво. Настапи Раѓањето Христово. Беше лута зима. Тимофеј дојде кај мене на Бадната вечер и ми рече:
- Брате мил, утре ќе го дочекам и Господ.
На тие зборови јас одамна немав одговор и само запрашав:
- Како си во тоа уверен?
- Сега, само што се помолив "0, дојди Господи! ", целата душа ми се возбуди и во неа како труба да затруби: „Ке дојдам набргу". Утре е Неговото Свето Раѓање и нема ли, баш во тој ден, Он да дојде?
Дојди кај мене со сите роднини, душата во страв
ми трепети.
Реков:
- Тимоша! Ти знаеш дека за ништо такво да судам не умеам и дека Господ не очекувам да Го видам, затоа што сум човек грешен, а и ти си ни нам човек близок, ние ќе дојдеме кај тебе. А ти, ако веќе со сигурност исечкуваш толку голем гостин, викни ги, не своите пријатели, туку собери за Него угледно друштво.
- Сфаќам, одговори тој, и веднаш ќе ги пратам своите слуги и синот свој да ги обиколат селата и да ги викнат сите изгнаници кои се во нужда и неволја. Ке покаже Господ прекрасна милосот, ќе дојде, а сите ќе бидат дочекани како што е заповедано.
Мене не ми се допаднаа ни тие негови зборови.
- Тимофеј, реков, кој може да направи се како

„Љубете ги непријателите свои, чинете добро на оние
кои ве навредиле" – Христос ќе дојде во срцето, како наутро измиена
одаја и ќе си направи живеалиште Себе си

што е заповедано. Едно нема да разбереш, друго ќе заборавиш, а трето да исполниш не можеш. Сепак. ако се тоа така силно „труби" во твојата душа, нека биде така, како што тебе ти се открива. Ако Господ дојде, Он се што недостасува, ќе дополни, па ако на некој кој Му е Нему потребен заборавиш, Сам ќе ти го донесе.
На Празникот на Раѓањето дојде кај Тимофеј целото наше семејство, малку подоцна, како што се оди на свечена трпеза. Така ги повикувал, сите да ги дочека. Пространата негова куќа беше преполна со луѓе, наши, Сибирци, мажи и жени и деца, луѓе од секаква професија и од различни места, и од руска, и од полска и од финска вера. Тимофеј ги собра сите сиромашни колонисти, кои уште од самото доаѓање, не се докажале со своето стопанисување. Масите големи, прекриени со чаршафи и се што е потребно. Слугите трчаат, квас и здели со пирошки се разнесуваат. А во дворот веќе се смрачило, и веќе нема кој да се чека: гостите веќе нема од каде да дојдат, затоа што вијулица и меќава како да е крај на светот.
Само еден гостин нема и нема, Оној, помил од сите.
Веќе требаше да се запалат светилките и па се седне на маса, затоа што се беше сосема смрачило и сите чекаа во мракот само при румена светлина од кандилата пред иконите.
Тимофеј одеше и седнуваше, очигледно силно вознемирен. Секоја негова надеж би се расколебала - сега веќе беше очигледно дека нема да дојде „големиот гостин".
Помина уште една минута  и Тимофеј воздивна, ме погледа нерасположено и рече:
- Но, брате мили, гледам јас дека, или му е на Господа угодно да ме остави на подсмев кај луѓето,или си ти во право: јас не умеев да соберам се како што треба, за да Го дочекам. Одговорив:
- Прочитај молитва.
- Он застана пред иконата и на глас прочита „Оче наш...", а потоа „Христос се раѓа славите, Христос од небото, радувајте се, Христос на земјата."
И само што ова го изговори, кога нешто страшно удри од дворот во ѕидот и се се затресе, а потоа одеднаш се слушна силен шум во простаните тремови и одеднаш вратата во гостинската одаја сама ширум се отвори.
Сите луѓе колку што беа  се тргнаа назад во еден агол, многу од нив паднаа... и само оние најхрабрите гледаа во вратата.
А на вратата, на прагот, стоеше стар и прастар еден старец цел во партали, се тресеше и за да не падне со двете раце се држеше за вратата,
а позади него, во тремот, во кој беше мрачно, необјаснива розевкаста светлост свети, а преку рамењата на старецот во одајата влегува како од снег, една бела рака и на неа долг глинен сад со оган, каков што се спомнува во беседата со Никодим... Ветерот со вејавица од дворот надира, а огнот ни да затрепери... И го осветлува старецот во лицето и на раката, а на раката в очи паѓа зарасната стара лузна , цела побелена од студот. Штом го забележа, Тимофеј викна:
- Господе, го гледам и го примам во име Твое, а Ти Сам не влегувај кај мене, јас сум човек грешен и зол  и притоа се поклони со лицето до земја. Со него и јас паднав на земја од радост, што го допрела вистинската богопослушност, и викнав сите да ме чујат:
- Молете се: Христос е меѓу нас! И сите одговорија:
- Амин, т.е. „вистина."
Тогаш донесоа светилка, јас и Тимофеј станавме од подот, но белата рака веќе не се гледаше, остана само старецот.
Тимофеј стана, го фати за двете раце и го постави на почесно место. А кој беше тој старец можеби и сами се досетувате , тоа беше душманот Тимофеев, стрикото, кој му уништи се негово. Накратко речено, тој раскажа како му се развеало се негово во прав, како останал без семејство и без богатство, и одамна тргнал да го најде внукот и да помоли од него простување. И копнее за тоа и се плашел од гневот на Тимофеј, а по оваа виулица свртел од патот и почнал да се смрзнува, чекајќи ја единствено смртта.
- Но одеднаш, раскажуваше, ме осветли некој Непознат и ми рече: „Оди згреј се на Моето место и пиј од Мојата чаша". Ме фати за двете раце, и јас се најдов овде, не знам ни сам од каде. Тимофеј пред сите одговори:
- Јас стрико, твојот Испраќач го знам: тоа е Господ Кој кажал: „Ако е гладен непријателот твој, нахрани го, ако е жеден напиј го! " Седи кај мене на почесно место, јади и пиј во Слава Негова, и биди во мојот дом, колку ти е волја, до крајот на животот.
Од тој час старецот остана кај Тимофеј, и умирајќи го благослови, а Тимофеј занавек најде мир во срцето свое.
Така мужикот научи во срцето свое да направи јасли за родениот на земја Христос. И секое срце исто така може да биде тако место, ако ја исполни заповедта  „Љубете ги репријателите свои, чинете добро на оние кои ве навредиле" - Христос ќе дојде во срцето негово, како наутро измиена одаја, и ќе си направи живеалиште Себе си.


Извор: Премин

Подготви: Стојанка Тежак

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная