ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Иринеј Лионски епископ
23 август / 5 септември
Како гранка накалемена на стеблото,
сок животен од Небесата прими,
коренот на учењето Христос Спасителот
во низата Свои столбови те постави,
а Духот Свети постојано те умудруваше
о Иринее свети епископе, богопротивните учења ги согори
и нам чиста наука за спасение ни остави.
Мачениче Христов моли се Духот кој тебе те водеше,
над нашите глави дишење да остави.
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче
Од Верскиот календар на МПЦ (05.09.2024)
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски
Во младоста му беше ученик на апостолскиот ученик Свети Поликарп, којшто го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на Свети Потин за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час пак ја брани од еретиците. Пострада за Христа во времето на царот Север, во 202 година, со илјадници други христијани (деветнаесет илјади).