Во Македонската академија на науките и уметностите вчера беше промовирано научното факсимилно издание на "Илустриран летопис на 16 век", во издание на руската компанија "Актеон". Пред македонската научна јавност беше претставен уникатен книжевен споменик на словенската култура и историја. На 10.000 листови, со повеќе од 17.000 минијатури во боја е претставена библиска, светска и руска летописна историја. Според претставниците на руската компанија "Актеон" нема слични изданија во светот, ниту по големината ниту по широчината на историските собитија...
- Илустрираниот летопис претставува огромно дело кое содржи 19 книги во кои се опишува целата историја од создавањето на светот до 16 век. Во неа се содржани првата илустрирана библија на словенски јазик, историјата за Троја, историјата на римската империја и долга историја на Византија. Исто така книгата содржи и историски уметнички дела како животот на Александар Македонски. Историјата на Византија преминува на историја на старата Русија, почнувајќи од 1114 година, па се до 60 години на 16 век време на Александар Грозни. Она што е важно е дека руската историја во овој летопис е континуирано поврзана со историјата на балканските народи, велат од компанијата "Актеон". Инаку, Македонија е првата држава во која е промовиран овој летопис.
Во подготовката на ова издание активно учество имаа, библиотеката на Академијата на науките на Руската Федерација, Руската национална библиотека и Државниот руски историски музеј каде што се чуваат оргиналите ракописи од зборникот Илустриран летопис на 16 век.
(Д.Т.) Вечер