логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


КОСТА ПЕЕВ, ЛИНГВИСТ

Речниците се сведоштво за културната физиономија

 

Како енциклопедиско дело што ги памети и чува од заборав културните одлики на Македонците од Егејска Македонија,беше оценет новиот, петти том од Речникот на македонските говори во југоисточниот егејски дел, на лингвистот Коста Пеев. Во речникот на повеќе од 400 страници има 2.000 збора, кои почнуваат на буквите Р и С. Кон зборовите се додадени и поголеми објаснувања со кои се доловува животот, обичаите, речниците, пригодите во кои тие се користеле во Егејска Македонија. Пеев истакнува дека речниците треба да имаат водечка улога во чувањето на културната меморија на народот.

* Вашето дело беше оценето како енциклопедија за обичаите, јазикот, начинот на живеење, историјата на народот од Егејска Македонија. Доволен ли е речникот сам, како научен труд, да ги зачува од заборав културните одлики од тие простори?

- Речникот претставува само една форма, едно сведоштво за богатството на изразот, или пошироко за културната физиономија на еден дел од нашиот народ, сегмент, но многу важен, што децидно е потврден во следниот исечок од рецензијата на академикот Блаже Конески: „Кукушкиот говор (или пошироко Речникот) ги надминува чисто лингвистичките рамки зашто заштитува и одбранува од заборав многу важен момент од нашата национална посебност“.

ГОВОР БЕЗ ТЕРИТОРИЈА

* Пристапот на наши истражувачи во Егејска Македонија е тешко изводлив. Како вам ви успеа да соберете толкав материјал од таму?

- Познато е дека основниот постулат на дијалектот е територијата каде што тој се зборува, за жал, југоисточните говори во Егејска Македонија во текот на Втората балканска војна, делумно и во Граѓанската војна во Грција, останаа без тој природен постулат. За илустрација да споменеме дека не мал број македонски населби од споменатиот дел, во летните месеци 1913 година под ужасен притисок на грчката воена машинерија беа буквално избришани од географските карти. Наша задача беше, преку анкетирање на бегалците, „да ги заштитиме од заборав“ животните манифестации на населението од регијата, со сите негови моменти.

На споменатите егејски говори работам скоро четири децении: теренско истражување, симнување од магнетофонски ленти и обработка на материјалот, ексцерпција од објавени материјали (дијалектолошки студии, речници, етнографски монографии) и на крај внесување на материјалот во компјутер.

* Изумираат ли старите дијалектите во Македонија?

- Дијалектот претставува разновидност од општонационалниот јазик, кој живее, но и се менува, особено под притисок на новите форми на живот. Со поголема подвижност на населението и, се разбира, и со богатата комуникација, во поново време и електронска. Свесни за тој факт треба организирано и систематски да се собира тоа богатство наречено народен јазик.

СО СРЕЌА ДО НОВИ НАУЧНИ ТРУДОВИ

* Паричната поддршка за објавувањето на речникот е од приватна фондација. Недостасува ли поддршка од државните институции кога се работи за објавување специфични речници, особено за дела посветени на дијалектите?

- За мојата индивидуална работа врз Речникот, за петте тома, за двотомната монографија „Кукушкиот говор“ и за монографијата „Дојранскиот говор“, иако со сериозни тешкотии, сепак се најдоа пари. Се реализираа споменатите трудови, кои имаат вкупно околу 3.000 страници. Сепак, не сите од колегите ја имаат таа среќа со финансирањето. Често од нив слушам дека недостасуваат пари за печатење или ако ги има, тие се минимални. На пример, меѓународниот Семинар за македонски јазик, кој повеќе децении служи како отворен коридор за нашиот јазик кон светот на славистиката, опстанува со големи тешкотии. Овие сознанија се дотолку чудни и неприфатливи ако се има предвид дека минатата година беше прогласена за година на македонскиот јазик. Истата судбина ја делат и лекторатите за македонски јазик на странски универзитети - наместо да напредуваат, тие стагнираат па дури и се гаснат. Ова претставува сериозен сигнал за ситуација што не смее да земе замав и потребно е стручните служби со државните структури итно и сериозно да се зафатат за надминување на проблемот.

* Поради немање соодветна поддршка од надлежните институции, често трудовите на лингвистите остануваат и со години во ракопис. Колку е тоа поразително за научната мисла?

- Индивидуалниот пристап и пробив кон повисоките параметри на науката бара огромна и макотрпна работа, се разбира и дека бара разбирање од одговорните од државната администрација. Ситуацијата е таква што за да се постигне поставената цел, односно да се реализира проектот, носителите на научната дејност мора да војуваат на неколку фронта, прво за реализација и финализација на поставената задача и второ да се изборат за заслуженото место во научната хиерархија.

Тоше Огњанов



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.
Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1178
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1293
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2897
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

27/07/2025 - недела

Светиот апостол Акила; Преподобен Елиј; Преподобен Никодим Светогорец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици  29 јули/16 јули  2025

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 29 јули/16 јули 2025

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2025

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2025

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная