Премин Портал

Кожувчанка


 ТРЕНД ВО НАШИТЕ KНИЖАРНИЦИ

Бестселерите на англиски се бараат повеќе од преведените

Најмногубројни купувачи на дела на англиски јазик се тие што подобро го зборуваат јазикот, односно тие на возраст од 30 до 40 години

 

„Игра на престоли“ од Џорџ Мартин, „Педесет нијанси сиво“ на Е.Л.Џејмс, „Хобит“ се најпродаваните дела на англиски јазик во домашните книжарници. Од книжарниците велат дека се бараат дела на англиски, а особено светски бестселери и екранизирани книги, кои ги разграбуваат побрзо отколку истите преведени на македонски. Литература на англиски јазик најмногу купуваат тие што подобро го зборуваат јазикот, обично тие на возраст меѓу 30 и 40 години. Во последно време е зголемена побарувачката на тинејџерската литература.

Голем избор

Во книжарниците на „Икона“ и во Англискиот центар се продаваат оригинали на англиски јазик. Kласиците кај нив може да се најдат за релативно многу ниска цена. Од „Икона“ велат дека повеќе се купуваат книги на англиски отколку на македонски јазик и дека односот е 70 наспроти 30 отсто во корист на делата на англиски.

- Ние имаме поголем избор на англиски јазик и можеби затоа кај нас се такви податоците. Најчесто литература на англиски купуваат луѓе во средни години. Најмногу ги купуваат Џорџ Мартин и делата од серијалот „Игра на престоли“, а и „Господар на прстените“, „Хобит“ - велат од „Икона“.

Интересно е што одлично се продаваат и комплети книги кои чинат и повеќе од 3.500 денари. Дел од книгите е преведен и на македонски јазик, а сепак интересот за истите на англиски е еднаков, за некои дела и поголем.

Англискиот центар од добитници на Нобелова награда, на наградата „Оринџ“, дебитанти, награди во областа на научната фантастика и слично. Имаат купувачи од 18 до 50 години, а голем интерес има и за тинејџерска литература.

Мишо Лазески од Англискиот центар вели дека продажбата е солидна, но дека најмногу се чита од неопходност.

- Најмногу се продаваат бестселери и тоа што ќе се види на телевизија тоа и се бара. Најмногу ги купуваат „Игри на престоли“ и „Педесет нијанси сиво“. Ние сме единствени во Скопје што го имаме комплетот на Џорџ Мартин од седум книги, кој чини 3.699 денари. Добро се продаваат и „Во добро и во зло“ од Метју Kвик, „Хобит“ и другите дела на Толкин. Стивен Kинг, Агата Kристи и Џон Гришам се продаваат постојано. Имаме одлична понуда на класици во издание на „Пингвин“, чија целна група се студенти и постдипломци на Филолошки факултет од кои триесетина наслови се трошат постојано - вели Лазески.

На интернет-страницата на „Kупикнига“ наменета за електронска продажба на книги има околу 650 книги на англиски јазик од повеќе светски издавачи како „Блумсбери“, „Фабер и Фабер“, „Нортон и компани“, „Хјутон Мифлин“. Таму се застапени и дела што ги продаваат „Икона“, „Академска книга“, „ПНВ публикации“. Меѓу распродадените изданија на интернет-страницата се биографијата на тренерот сер Алекс Фергусон, збирка од Шекспирови дела, како и комплет со седум дела на Џ. K. Роулинг за волшебникот Хари Потер, кој изнесува 4.499 денари.

Оригинали пред сè

Во книжарницата на „ПНВ публикации“ се продаваат класици во издание на англиски „Вордсворт“. За комплет од три книги, кој чини 500 денари, има голема побарувачка.

- Возрасната група читатели на книги на англиски јазик главно се на возраст од 15 до 40 години. Тоа се луѓе што го учеле јазикот, активно комуницираат и го користат, па претпочитаат делата да ги читаат во оригинал. Најчести читатели на дела на англиски јазик се сепак студентите од катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошки факултет - вели Јулијана Величковска, директорка на „ПНВ публикации“.

И Лазески вели дека луѓето претпочитаат оригинали без разлика дали се преведени на македонски или не.

- Секако, кој може да си дозволи. Ние работиме директно со странските издавачи и нашите цени се движат од 300 денари нагоре. Иако некои енциклопедиски изданија, кои кај нас чинат околу 2.000 денари, во одредени книжарници преведени на македонски јазик чинат многу поскапо - истакнува тој.

 

Извор: Дневник

Марина Лазаревска



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1471
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2010
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3600
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3817
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная