
„Денеска ни се укажува можноста да уживаме во неговиот лирски свет на смирени тонски и колористички односи, во неговиот складен, едноставен цртеж, кој своевремено творечки се соедини со европските модерни стилски влијанија: со оние на европскиот импресионизам, постимпресионизмот, фовизмот и експресионизмот.
Пред нас се 34 дела кои авторот ги создавал во различни периоди, почнувајќи од 1937 година, дела кои создаваат калеидоскоп од хармонични и ритмични боени површини преточени една во друга како единствена целина“-истакна во обраќањето Канческа-Милевска. „Несомнено дека творештвото на Томо Владимирски е единствено и неповторливо во ликовната уметност кај нас. Тој е еден од авторите што оствари голем опус и што остана верен на своите творечки ориентации. Секогаш отворен за нови предизвици и сознанија што ги преточуваше низ својот индивидуален сликарски ракопис“-додаде таа.
Со оваа изложба се одбележува 40-годишнината од смртта на Томо Владимирски, а во рамките на прославата 20 години независна Република Македонија.