Скопје, 4 мај 2011 (МИА) - Во галеријата Чифте амам беше отворена изложбата „Современа холандска керамика“ на која се претставени дела на керамичари од Холандија кои гостувале и твореле на Ресенската керамичка колонија во ателјето во Отешево.
Изложени се околу 40 експонати во разновидни облици, декоративни и практични предмети од авторите Александра Енгелфрид, Елен Спикстра, Труди Ман, Јозе Ерт, Антоан Лендферс Тван, Јорун Вилхелмус Хубертус Ван, Дауе Хоекстра, Маја Хофт, Рижан Купенс и Јо Сијен.
Изложбата ја организираат Ресенската керамичка колонија, Амбасадата на Кралството Холандија и Националната галерија на Македонија.
На отворањето се обратија амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини и директорката на НГМ Маја Крстевска. хс/паг/12:38
Лето Господово 2011
Преминпортал