ПО ШЕСТИ ПАТ
Дваесетина ликовни ументици од Македонија, Бугарија, Србија и од Полска творат на шестата ликовна колонија "Карпино" во недопрената природа на Карпинскиот манастир.
- Работиме на зачувување, реставрирање и анимирање на манастирот во јавноста. Промоцијата ја вршиме преку организирање меѓународна ликовна колонија, презентирање стари занаети, обичаи, традиционални јадења, вели Зоран Павловки, претседател на здружението што ја организира колонијата.
Карпинскиот манастир е изграден меѓу 14 и 16 век и претставува типична градба од турски период, кога се граделе скромни цркви слични на куќите. Според податоците од Институтот за македонска литература, во манастирот во Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел за богат книжевен центар. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.
За најзначајни книжевни дела се сметаат Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва. Постојат и документи за 11 пергаментни ракописи, но и хартиени, како што се евангелија, апостоли, псалтири. За богатата историја на манастирот е заинтересирана и Владата која најавува обнова на манастирските конаци.
Извор: Вечер