Македонскиот Културен Центар при Црковната Општина “Свети Никола” од Виндзор Канада, со задоволство Ве информира дека во петокот на 20 јуни, свечено беше отворена најголемата досега организирана изложба на детски цртежи во регионот Есекс со тема “Сочувај ја планетата”.
Изложбата официјално ја отвори Неговото Високо Преосвешенство Митрополитот Американско-Канадски г-дин. Методиј. Пригодни поздравни говори одржаа покрај Владиката Методиј, парламентарец Брајан Маси, градоначалникот на општината Ла Сал господинот Гери Бакстер, протојереј-ставрофор д-р Алекцандар Мустеников и под-претседателот на црковната општина Томе Дамчески.
Организаторите Маре и Глигор Стефанови под покровителство на Македонскиот Центар “Свети Никола” распишаа конкурс за детски цртежи и поведоа акција која опфати над 100 училишта со скоро 7000 ученици. Акцијата имаше пред се образовен карактер и опфати повеќе училишни предмети. Учениците покрај цртежите, правеа истражувања за човековата околина и нејзината заштита, разговара и пишуваа техтови, правеа заеднички проекти и тродимензионални дела од отпадни матерјали.
Целта беше да се зголеми свесноста на учениците за загадувањето на човековата средина. Едновремено им се даде можност на најмладите со линии, бои, облици и визуелни симболи да го прикажат светот како имагинарна градина и безбедно место за живеење; да го изразат својот однос кон загадувањето на околината и климатските промени и да им пратат пораки на одговорните лидери и компании да превземат соодветни мерки против загаденоста.
Сите пристигнати дела се изложени во една заедничка инсталациска поставка. Цртежите се поврзани со зелена и асоцијативно обликувана позадина на симболи од лисја, дрва, цветови и сл.
На изложбата земаат учество над 1000 ученици од околу 50 основни училишта.
Беа доделени 19 награди на учители, школи и ученици. Беа доделени награди за секое оделение посебно од забавште до осмо оделение, како и три награди занајдобри цртежи. Добитник на Главата Награда од 500 долари е ученичката од осмо одделение Мари Праис.
Изложбата е отворена до 2 јули 2008 година.