Крива Паланка, 13 јуни (МИА) - Во конаците на древното македонско свтилиште -манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, денеска заврши 15-та Меѓународна копаничарска колонија 2008.
На еднонеделната колонија што ја организираше Здружението на копаничарите на Македонија, учествуваа копаничари од Македонија и од Бугарија.
Учесниците изработуваа резби на ореово и крушково дрво со мотиви од македонската флора и фауна, религиозни мотиви и од пејсажот на Осоговијата.
Традиционално, делата создаддена на Меѓународната колонија ќе бидат изложени во октовмри годинава, во Домот на АРМ во Скопје. љс/ва/17:44