логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Кастро, Евита, Хитлер, Чавез, Папата, Обама, Хилари и Буш во македонските избори 
 

Ако Френклин Рузвелт утре го убедат дека може да ги добие потребните гласови со помош на човекојадците, до среда ќе почне да гои мисионер во дворот на Белата куќа. Вака американскиот новинар Хенри Луис Менкен го нападнал својот верен политички непријател, претседателот Френклин Рузвелт, пред 80-ина години. Македонија очигледно уште долго време ќе чека да слушне квалитетна политичка навреда, но тоа не се должи на високото културно ниво на нашите политичари. На нашата политичка сцена доминираат плитки навреди, кои брзо се забораваат и ретко успеваат да му се залепат на политичарот кон кого се упатени. Честопати овие навреди се навредливи пред се за јавноста, која е принудена да ги слуша и да крева раменици.

Досега кулминираат главно директни споредби на политичарите, најчесто со нивни колеги од Јужна Америка, иако македонската јавност честопати не е добро упатена во тоа зошто нашите и јужноамериканските политичари се слични. Така, во вжештените седници пред распуштањето на Собранието СДСМ го спореди премиерот Никола Груевски со претседателот на Венецуела Хуго Чавез и со кубанскиот диктатор Фидел Кастро. Но, лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска потоа му се извини на другарот Кастро за неласкавата споредба со Груевски.

- Јас однапред се извинувам што во претходните неколку дена, а претпоставувам и во следните неколку дена, ќе чуеме дека господинот Груевски се однесува како Кастро.

Ние не сме биле во право и таа процена била погрешна. Ако имавме премиер што е подготвен да се соочи со јавноста и со предизвиците, да ја сработи НАТО-агендата, тој немаше да излегува со пишани говори и да забранува поставување прашања. Кастро никогаш не излегувал со однапред подготвени говори, а премиерот одлучи да биде Кастро во куси панталони - изјави Шеќеринска на 13 април. Таа воедно го обвини Груевски и дека е „кукавица“ затоа што ги свика изборите.

Јужноамериканскиот шмек на изборите го задржа и Веле Митаноски, исклучениот пратеник на Новата социјалдемократска партија, кој го обвини лидерот Тито Петковски дека е под влијание на Лилјана Стериовска, поранешната државна секретарка во Министерството за одбрана, која беше обвинета за фалсификат. Иако имаше на располагање лесна споредба од типот „Јованка на Тито“, Митаноски сепак отиде преку океанот и споредбата ја најде во далечната Аргентина, кај поранешната прва дама Евита Перон.

- Евита Перон е синоним за жена што ја управува државата од зад сцената. Хуан Перон беше фактички претседател, а од сенка управуваше Евита - ни ја дообјасни својата изјава Митаноски.
Во некои случаи, паднаа споредби без никаков усул. Така, на пример, во август 2007 година Шеќеринска го спореди Груевски со Адолф Хитлер во екот на обидот за апсење на Владо Бучковски. Шеќеринска тогаш обвини дека „единствен друг политичар што се користел со методите на Груевски е Адолф Хитлер“. Оттогаш помина речиси цела година, а Груевски се уште не ја нападнал Полска. Повторно Шеќеринска, во настап во Собранието, ја спореди Владата на Груевски со Владата на Чавез, затоа што Владата дава различни бројки за влегувањето на странските инвестиции. Владата на Чавез е многу подобро позната по тоа што ги одзема компаниите на странските нафтени инвеститори во Венецуела, што е мошне посериозно од давањето различни бројки.

Во македонската политика чести се и навредите на сметка на младоста и неискуството. Иако Груевски има исклучително млад кабинет, сепак оваа линија на напад честопати ја користеше токму ВМРО-ДПМНЕ против „помладите асистенти“ на СДСМ, мислејќи тука на Шеќеринска, Макрадули и Игор Ивановски.

- Господине Макрадули, целата моја кариера по завршувањето на факултетот беше насочена во јавниот живот во борбата со олигарсите, кои вие ги создадовте и цело време ги штитите. Во меѓувреме, станав универзитетски професор, а вие останавте асистент. Во меѓувреме, создадов фамилија, со која сум многу горд, но за тоа во друга пригода - вака министерот Славески го обвини тазе женетиот Јани Макрадули, откако потпретседателот на СДСМ обвини дека Славески си ги вработува децата.

Возврати Бучковски, кој на време го одработил асистентскиот стаж и е професор на Правниот факултет. Тој го употреби обвинувањето за младост-лудост кон Владо Ѓорчев во нивниот легендарен предизборен судир на емисијата „Светла точка“ во 2006 век, а повеќе пати го потсети Ѓорчев дека нема диплома и во Собранието. Ниту еднаш овие обвинувања не го достигнаа нивото на Роналд Реган во дуелот против Волтер Мондејл во 1984 година, кога подостарениот Реган, кој преживеал и атентаторски куршум во првиот мандат бил обвинет дека е престар за да добие нов мандат. „Сакам да ви кажам дека нема да дозволам возраста да стане предизборно прашање. Нема да ја злоупотребам младоста и неискуството на мојот противкандидат за политички цели“ - му нафрлил 73-годишниот Реган на тогаш 56-годишниот Мондејл. Се смета дека оваа духовита забелешка му донесе на Реган победа на изборите.

Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ во кампањата се повикаа на инсистирањето на политичари од СДСМ и од коалицијата „Сонце“ за брзо склучување договор со Грција околу името. Тито Петковски и Ѓорѓи Оровчанец во некои од медиумите добија епитет „грчките зетовци“, поради нивните семејни врски јужно од границата. Целта на власта беше во јавноста да се конструира впечаток дека тие се „тројански коњи“ во политичката сцена, историска споредба што сепак се уште никој не ја употреби во кампањата. Македонските коментатори затоа се сетија на другата позната сомничава изрека за Грците, „не верувај им на Данајците и дарови кога носат“, која беше употребувана откако министерот Антонио Милошоски ја отфрли грчката понуда за парична помош за Македонија.

Прва асоцијација доаѓа од политичката сцена, која очигледно нашите политичари најтесно ја следат, а тоа е српската. Така, српската трка беше буквално пресликана во Македонија, со делење на улогите меѓу националистите и Европејците. СДСМ на овие избори почна да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за „националистичко српско сценарио“, а за себе ја зачува улогата на медиумски претерано експонираниот српски претседател Борис Тадиќ и неговите продемократски сили. Затоа, пак, СДСМ крајно ретко го употреби некогаш неизбежното обвинување за ВМРО-ДПМНЕ како пробугарска партија. Макрадули во декември 2006 година го обвини Милошоски дека се поклонил на гробот на Христо Матов, велејќи дека Матов бил врховист. Политичките противници на ВМРО-ДПМНЕ ја употребија и говорната мана на премиерот, но не им беше туѓо и посегнувањето кон хомофобијата, иако овие две линии на напад не се вршат отворено преку партиските претставници. Главни во првиот случај се снимките што се вртат на интернет-страницата јутјуб, а во вториот анонимните улични графити.

Шеќеринска:
Груевски е Кастро во куси панталони

Шеќеринска:
Единствен друг политичар што се користел со методите на Груевски е Адолф Хитлер

Славевски:
Во меѓувреме, станав универзитетски професор, а Вие, Макрадули, останавте асистент

Митаноски:
Сите во партијата знаат која е Евита Перон, а јас сега еве и јавно го кажувам тоа

Бучковски:
Господине Ставревски, мене се ми е јасно, но Вам не Ви е јасно зошто Ве викаат мистер Тендер и ја повторувате истата работа со тендерот за ТЕЦ Неготино


Нашиве питоми Македонци не гласаат за агресивни политичари

Погани зборови доаѓаат кога човек не може добро да си ја сублимира агресијата. Овој агресивен вокабулар не е насочен кон медиумите, туку пред се кон своите истомисленици, во обид да се издејствува поголема поддршка - смета психологот Станислав Петковски-Сашо.

- Кога црните ги навредуваат белите, пред се на другите црни им велат, немој случајно да си станал бел. Така се собира стадото. Не знам како до сега не научија дека нашиве питоми Македонци не гласат за политичари ако се премногу агресивни. Неопределените најмногу гласаат за фини луѓе - вели Петковски.

Според него, опозицијата постигнува автогол кога толку агресивно се нафрла на ВМРО-ДПМНЕ.

- Сега, дури и да објават докази со банкарски сметки дека од власта краделе, нема да им веруваат. Народот резонира дека СДСМ самите лажеле 15 години и немаат кредибилитет да го посочат крадецот. И да викаат дека некој краде, можат само повеќе да го турнат народот кон неговата страна. Тоа што го викаат е најмногу за нивното членство - заклучува Петковски.


Папата Црвенковски остана во сеќавање

Една од ретко успешните политички навреди беше всушност „братоубиствен напад“, меѓу двајца сдсмовци, кога Владо Бучковски во 2006 година откри дека Бранко Црвенковски во партиските кругови бил познат како „папата“. Коментарот на разочараниот Бучковски беше темпиран набргу по смртта на папата Јован Павле Втори. Мешањето на италијанскиот шмек со најавата дека Бучковски ќе го прекрши „кодот на молчење“ и ќе ги открие тајните на СДСМ, заедно со таинственоста на Католичката црква ја направи оваа споредба исклучително успешна. Црвенковски беше претставуван како папа во колумни, новинарски текстови, фотомонтажи и стрипови. Од друга страна, Бучковски се изложи на неизбежните коментари „опрости ми, папе“, кога набрзина го затвори расколот со СДСМ по обидот за негово апсење во 2007 година.


Мистер тендер и фамилијата

Навреди што почнаа брзо и масовно да се појавуваат во медиумските настапи на опозицијата беа главно „мистер Тендер“ и „фамилијата на Груевски“. Првата најчесто ја употребуваа Владо Бучковски, Стевчо Јакимовски и Јани Макрадули, главно против вицепремиерот Зоран Ставревски, кого го обвинуваат дека сакал да ја продаде термоелектричната централа „Неготино“ за провизија на бугарска компанија.

- Господине Ставревски, мене се ми е јасно, но вам не ви е јасно зошто ве викаат мистер Тендер и ја повторувате истата работа со тендерот за ТЕЦ Неготино – изјави Бучковски во март, обвинувајќи го Ставревски за корупција во случајот со хидроцентралите Чебрен и Галиште.

- Идејата беше да се тргнат комуњарските олигарси и да дојдат благонадежните. Се останува тука меѓу нас, во фамилијата - вака обично изгледаат обвинувањата против Груевски дека фаворизира блиски бизнисмени и роднини. Конкретниот пример е од колумна на Стевче Јакимовски објавена во март годинава. Обвинувањето за „мистер Тендер“ и за „фамилијата“ почнаа да се шират од повеќе места истовремено, па така не можат да му се припишат само на еден опозициски политичар.


Заев како Обама, Имер Алиу со Џорџ Буш во Букурешт

Некои од помалку лошите предизборни навреди се ширеа под маса, преку СМС-пораки и не стигнаа до пошироката јавност. Една од нив беше „шпекулацијата“ дека вицепремиерот Имер Алиу се појавил на самитот во Букурешт, но не со македонската, туку со американската делегација. Алиу за време на најавата на ДПА дека ќе ја напушти Владата даде помпезна изјава - „Јас работам за претседателот Буш“. Алиу сепак не се симна по скалилата на „Ер форс уан“ заедно со Буш, но „веста“ успеа да извлече нервозни насмевки од македонската делегација.

Друга ваква шега инспирацијата ја црпи од предизборната трка во САД. Зоран Заев во провмровските весници беше обвинуван дека планира да ја урне Радмила Шеќеринска. За ова беше спореден со Барак Обама, кандидатот што е на пат да ја победи Хилари Клинтон во трката за претседателски кандидат на американската Демократска партија.

Цветин Чилиманов - НОВА МАКЕДОНИЈА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная