Скопје, 5 мај (МИА) - Во културниот центар Мала станица вечерва е отворена 13-тата самостојна изложба на Стефан Плескоњиќ, со која уметникот-ученик во шесто одделение во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје одбележува десет години од ликовното творештво.
Изложбата опфаќа избор од триесетина негови дела создавани во изминатата деценија, со кои Плескоњиќ, исто така, се претстави и на голем број меѓународни изложби. Минатиот месец Плескоњиќ своите ликовни творби, создадени со еколошки акрилни бои на картон, ги изложи во Македонскиот центар во Њујорк. Младиот уметник во изминатиот период гостуваше и Белград, Париз, Софија, Варшава, а негови слики се претставени и во седиштето на НАТО во Брисел.
Неговата прва изложба беше отворена кога тој имаше само три години, во велешкото село Теово, по повод осветувањето на манастирот „Свети Архангел Михаил“. Оттогаш и почнува неговата редовна и богата ликовна активност, за која е добитник и на награди.
Плескоњиќ е најмлад носител на наградата „13 Ноември“, а е добитник и на Специјална награда „Ѕвезда на 21 век“ на Осмиот салон на уметноста во Софија. Тој е и амбасадор на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Во преполнета галерија во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ завчера беше отворена јубилејна 10-та изложба на 13-годишниот уметник Стефан Плескоњиќ.Делата наПлескоњиќ дојдоа да ги видат многубројните гости - политичари, јавни личности и почитувачи на уметноста, како и поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан. Изложбата ја отвори премиерот Никола Груевски, при што истакна дека младиот уметник е голем културен амбасадор на Македонија во светот. Во „Мала станица“ се изложени четириесетина дела на Плескоњиќ, кој до денес своето творештво го претставил и во галерии во Њујорк, Париз, Варшава, како и во седиштето на НАТО во Брисел.