логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Република

25.07.2014


✣✤✣

Националистичката пропаганда им го пере мозокот на Грците


✣✤✣




Во суштина, во Грција бевме научени да го игнорираме постоењето на Македонија (дури и како дел од Федеративна Југославија). За нас соседна земја беше Србија или, за поупатените, Југославија. Сметам дека владите на Тито и на различните грчки политичари што кулминираа во сите тие години додека тој беше на власт некако беа договорени, дури и неофицијално, во Грција да не се говори ништо за Македонија

Панајотис Сомалис не е политичар, ниту новинар. За себе вели дека не е ниту аналитичар. Неговата позиција како протопсалт, односно прв пејач во хор на Грчката православна црква, и неговите многубројни контакти во православниот свет го чинат добредојден и во Србија и во Бугарија, и во Албанија и во Русија, но и во сите православни земји. Иако не е црковно лице, тој се смета за голем познавач и почитувач на духовноста и човек што направил многу за поврзување на православните христијани. Покрај македонскиот, говори уште неколку други јазици, а токму на македонски јазик проговоривме на Илинден во 2011 година кога во црквата „Свети Георгиј“ во Лазарополе пред поглаварот на МПЦ-ОА Стефан и владиците Тимотеј и Агатангел го водеше црковниот хор на покана на игуменот на Бигорскиот манастир, Партениј. Меѓу верниците од сите Цркви важи за еден од ретките што со својот кредибилитет можат да помогнат во надминувањето на проблемите.

Минатиот месец во Атина се играше натпревар во ракомет меѓу Македонија и Грција и на него, по подолго време на средбата на претставници на двете земји, немаше негативна енергија. Напротив, никој не свиреше на химната, ракометарите беа коректни едни со други. Колкава е негативната енергија во грчкото општество наспроти позитивната, дали повеќе се мразиме или се почитуваме?

Сомалис: Моето мислење е дека негативната енергија во грчкото општество сѐ повеќе се намалува и учиме да се почитуваме едни со други. Младите луѓе, како, на пример, играчите на различни спортови и навивачите, голем број пати се имаат сретнато и веќе се имаат „навикнато“ на присуството на соседната земја.

Во што е суштината на непријателството на кое сме сведоци во последниве 25 години. Се работи само за политика и за историја или има уште нешто?

Сомалис: Тоа е прашање на политика и на историја. Во суштина, во Грција бевме научени да го игнорираме постоењето на Македонија (дури и како дел од Федеративна Југославија). За нас соседна земја беше Србија или, за поупатените, Југославија. Сметам дека владите на Тито и на различните грчки политичари што кулминираа во сите тие години додека тој беше на власт некако беа договорени, дури и неофицијално, во Грција да не се говори ништо за Македонија. Со распадот на Југославија, Грците се најдоа соочени со една мачна реалност. Што се однесува до историјата, начинот на кој таа се предава во грчките училишта е многу „етноцентричен“, застарен и, за жал, не им помага на учениците да сфатат што навистина се случувало во минатото за да извлечат поука од тоа.

Дава ли погрдниот назив „цигани“, кој се користи и во двете земји за да се опише другиот, можеби, е контекст за присуство на некакви цивилизациски разлики меѓу двата народа?

Сомалис: Малку е смешно што прашувате за тоа, бидејќи токму вчера мојата мајка го употреби тој збор за еден сосед што дојде во посета во незгодно време и со празни раце! Нормално, не можев да ѝ речам да не биде расистка. И во двете земји зборот се користи за некој што е нецивилизиран, неразвиен итн. Но, за да Ви одговорам на прашањето, немаме толку големи цивилизациски разлики. Дури и за да навредиме некого, ги користиме истите зборови!

Каква е перцепцијата кај обичниот грчки граѓанин, што ќе загубат Грција и грчкиот народ ако Република Македонија се нарекува според уставното име?

Сомалис: За жал, на многу обични грчки граѓани што се повозрасни им го переле мозокот со долгогодишната националистичка пропаганда, така што мислат дека ако Република Македонија се нарекува со своето уставно име, „лошите скопјани“ ќе извршат инвазија и ќе ја земат Македонија, особено Солун! Секако, постојат и такви што гледаат на проблемот со незаинтересираност, фокусирајќи се на поважни секојдневни проблеми (како, на пример, невработеноста).

Македонците, според анкетите, како најблиски на себе ги сметаат Србите, а за најнепријателски Грците. Како стојат Македонците во грчкото општество според анкетите или според Вашата перцепција? Честите мешани бракови понекогаш може да бидат сигнал дека на ниво на обични граѓани односите не се толку лоши. Како би го коментирале тоа што во Македонија има многу малку бракови со Албанци/Албанки, а често се случува, и покрај сите политички перипетии, некој Грк да се ожени со Македонка и обратно. Што Ви говори тоа Вам?

Сомалис: Тоа покажува дека, и покрај несогласувањата, остануваме многу блиски. Многу работи се исти меѓу Грците и Македонците: религијата, културата, кулинарството (не заборавајте дека љубовта поминува, како што велат, низ стомакот). Спротивно на тоа, во поглед на Албанците, верскиот фактор, секако, е пречка за еден брак.

И покрај тоа што во историјата имало многу верски инциденти што тешко можат да се заборават, сепак се работи за луѓе со православна вера во двете земји. Може ли тој елемент да биде искористен за приближување?

Сомалис: Нормално. Сѐ уште се сеќавам колку ми беше тешко, во времето кога живеев во Лондон, да им опишам на мои соученици со потекло од земјите на Северна Европа што е тоа петолебие, помен, коливо, пост… Спротивно, на моите македонски пријатели, дури и на незаинтересираните за религиозни теми, сите тие поими им беа познати. Следствено, православната вера може да биде мост меѓу двата народа.

    

Како ги толкувате изјавите на солунскиот епископ Антимос, кој често знае да коментира политички теми и да навредува, а, сепак, нема никаков проблем да прими дури и да стипендира македонски млади теолози, кои го изучуваат христијанството во Солун?

Сомалис: Верувам дека митрополитот Антим ги коментира политичките теми за да се најде во случувањата. Ако не го правеше тоа, се плашам дека никој немаше да го познава. Тоа што нема проблем да ги прими и поддржува младите македонски теолози што студираат во Солун, се должи на самиот карактер и на особините на децата, како и на препораките што ги имаат од отец Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, кој нашироко е познатиот меѓу верниците во Грција. Секако не би бил расположен да прими луѓе од Македонија што не се одликуваат со благочестие и со љубов кон учењето, ниту би соработувал со некој клирик од Македонската црква ако тој не е на добар глас. Овде би сакал да нагласам дека и јас, кој сум пријателски наклонет кон МПЦ (ја посетувам вашата земја од 2002 година), веќе имам „утврдено“ со кои луѓе сакам да комуницирам и да соработувам.

Многумина велат дека СПЦ не сака да ја признае МПЦ-ОА, односно да ѝ даде автокефалност поради влијанието на грчкиот блок-цркви, колку има вистина во тоа?

Сомалис: Сигурно влијанието на Грчките цркви игра некаква улога околу тоа прашање, но, секако, сметам дека Српската црква не ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА од сопствени причини.

Вие сте активен во црковниот живот. Во голем број православни земји во регионов имате блиски луѓе, како ја оценувате можноста МПЦ-ОА наскоро да стане канонски призната Црква во православниот свет?

Сомалис: Не е неверојатно, само потсетете се што стана со Бугарската егзархија. Но, верувам дека такво нешто не би можело да се случи пред решавање на политичкото прашање.

Колку политиката помага, а колку одмага за да се надминат црковните спорови?

Сомалис: За жал, политиката пречи во тоа да се надминат црковните спорови.

Има ли грчко малцинство во Македонија? Дел од политичарите во Атина сметаат дека тоа постои, а дел, пак, од аналитичарите велат дека се работи за влашко население, коешто е предмет на обработка на грчката администрација.

Сомалис: Во Република Македонија, веројатно, постојат Грци што завршиле таму откако избегале од Грција во тешките години на Граѓанската војна. Познавав една девојка чии родители беа од чисто грчко потекло. Другите што велат дека се Грци, веројатно се Власи кои паднале под влијание на грчкиот систем и сега велат дека се Грци за да добијат некаква корист (на пример, стипендии).

Зошто во Грција не се признава македонско малцинство?

Сомалис: Што да одговорам на ова, не сум политичар. Во Грција не се признава ниту едно малцинство, освен „муслиманското“.

Зошто во Грција не постојат малцинства, која е логиката да не се признава тоа кога е очигледно дека, покрај македонското, таму живеат и Турци и Албанци?

Сомалис: За жал, тоа е спротивно на секоја логика! На едно повисоко научно ниво, ставот на Грција се темели на сфаќањето дека зборовите, особено личните имиња, ја создаваат реалноста. Со други зборови, ако соседната земја го зачува своето уставно име, постои опасност, како што веруваат Грците, едно убаво утро жителите на престолниот град Солун да се разбудат под словенска окупација зашто областа би се анектирала кон соседната Република. Но, доколку се смени името, тогаш во согласност со грчкото сфаќање, таа опасност престанува. На прв поглед, грчките сфаќања изгледаат многу чудни. Но, како што покажала антропологијата, мислењето дека зборовите ја создаваат реалноста не е само грчка особина, туку е многу раширено меѓу примитивните општества низ целиот свет. Така, во многу племиња луѓето не ги наведуваат имињата на дивите животни бидејќи се плашат дека ако го направат тоа, тие ќе се појават одеднаш пред нив и ќе ги изедат. Народот Зулу верува дека со именувањето на некое суштество го задолжуваш тоа да се појави. Домородците на Мадагаскар никогаш не ги именуваат громовите, зашто се плашат дека ќе ги удри гром. Бозимба, пак, не го изговараат зборот „земјотрес“, зашто се плашат дека ќе се затресе земјата. Во Самоа никогаш не се зборува за бура, поради тоа што областа е под постојана закана од различни временски појави.

Ги нема ниту Власите како посебен ентитет иако и тие говорат различен јазик од грчкиот, а притоа не може да се нарече дијалект затоа што е целосно различен од грчкиот, со свои правила?

Сомалис: За жал, за тоа се виновни и самите Власи кои, освен малку исклучоци, не можат да се ослободат од заплетканоста и од стравовите на минатото.

Има ли надеж за пријателски односи? Некои говорат дури и за братство и во политичка и во верска смисла меѓу балканските народи, особено тука мислам на односите меѓу граѓаните на Грција и на Македонија, или осудени сме со децении да се гледаме како непријатели?

Сомалис: За мене како христијанин секогаш има надеж. Апостол Павле пишува: „Сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“. Верувам дека работите ќе се исправат, дури и тоа да се случува многу бавно.

 Горан Момироски

Преземено од: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1890
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2397
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная