Скопје, 15 јуни - На плоштадот „Македонија“ вчера, цел ден ќе биде отворена „Изложба на фотографии под отворено небо“ во организација на фотоклубот „Фотографика“ со поддршка на Град Скопје.
Целта на изложбата е популаризација на фотографската уметност како медиум за креативно искажување и масовно учество на фотоклубовите од Македонија и на сите граѓани кои на оваа досега најголема изложба можат да постават и свои авторски фотографии.
Фотографиите беа закачени на распнати јажиња и секој учесник доби потврда за учество од фотоклубот „Фотографика“. Клубот ги контролираше презентираните фотографии за да не бидат изложи фотографии со непристојна и навредлива содржина, со неетички теми и фотографиите кои пропагираат нетолеранција.
Идејата на организаторите е да реализираат најмасовна изложба на фотографии на Балканот за таа да може да се пријави за рекорд во Гинисовата книга. х
Извор-МИА