Кратки филмови од ФДУ Скопје на фестивалот за филмска камера “Браќа Манаки”
Во среда, 17.09, на 35-тото издание на фестивалот за филмска камера "Браќа Манаки" во селекцијата Македонска панорама ќе бидат прикажани кратките играни филмовите "Аудиција", "Враќање" и "Шекспирова 9/1" и документарниот филм "(Вон)земјанинот Ли".
"Аудиција", "Враќање" и "Шекспирова 9/1" ќе можете да ги погледнете од 11 часот во Големата сала, а додека "(Вон)земјанинот Ли" во Малата сака од 22 часот.
Филмовите "Аудиција", "Враќање", "(Вон)земјанинот Ли" се во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје, а додека "Шекспирова 9/1" е копродукција помеѓу Факултетот за драмски уметности и Круг Филм.
"Аудиција", "Враќање" и "Шекспирова 9/1" се реализирани со средства од Филмскиот Фонд на Р. Македонија.
За време на проекциите ќе бидат присутни авторите на сите 4 филма, како и претставници од ФДУ и Круг Филм.
Повеќе информации за филмовите на следниве линкови:
Аудиција: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page136.html
Враќање: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page135.html
Шекспирова 9/1: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page133.html
Вонземјанинот Ли: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page141.html
Со почит,
Факултет за драмски уметности