СТАРТУВА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ
Скопски филмски од среда
Вкупно 60 филма во осум програми ќе бидат прикажани на претстојниот 17. Скопски филмски фестивал што ќе се одржи од 23 до 30 април. Лукас Мудисон, Ким Ки-дук, Џиџ Џармуш, Мајкл Гондри, Серен Крег Јакобсон, Веико Оунпу, Фјодор Бондарчук, Улрих Зајдл, се само некои од понудените големи авторски имиња. Фестивалот ќе се отвори со руската историска драма, воениот спектакл Сталинград" на Фјодор Бондарчук. Главната програма носи осум филма од кои три имаа светски премиери на Канскиот фестивал.
Во фокусот" годинава е австрискиот режисер Улрих Зајдл со неговата Трилогија: Рај" поделена на Рај: Љубов", Рај: Верба" и Рај: Надеж".
Освен придружните програми, претставено ќе биде и новото во македонската продукција, но и она што допрва доаѓа.
Селектори на програмата се Сунчица Уневска, Татјана Јаневска и Владан Петковиќ.
Извор: Вечер