логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

  Objekt.MNT1.jpg

       Стариот театар- храм на драмската уметност во Македонија- На местото каде некогаш бил епицентарот на културните збиднувања во македонската метропола, денес се издигна нов театар, кој ќе биде храм на драмската уметност во земјава. Бројни и угледни луѓе од општествениот, културниот и јавниот живот, се собраа на едно место, каде се означи новата ера во културното и драмското живеење на Македонија. На свеченоста на која присуствуваа министри, пратеници, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, претставници на верски заедници, актери, уметници, градоначалници и претставници на бизнис-заедницата се обратија претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска, директорот на МНТ Дејан Лилиќ и театрологот Јелена Лужина.Чинот на примопредавање на новиот објект беше со изведба на фрагменти од повеќе претстави од репертоарот на Македонскиот народен театар, како и со изведба на делови од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември и официјално ќе биде отворена новата театарска сезона.

 Objekt.MNT.jpg

Скопје,  31 Мај 2013 год.

 Objekt.MNT.jpg

Примопредавање на објектот Стар театар

 



 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

   Objekt.MNT.jpg

  Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

  Objekt.MNT.jpg

 „Да се стаса до овде не беше лесно. Но, сето ова не го направивме затоа што е лесно, туку затоа што е тешко... и се гордееме со тоа. Во изградбата на овој театар е вложена голема посветеност, многу енергија и љубов, големо знаење на многу луѓе, голема поддршка на граѓаните, големо разбирање на политичките структури и најважното, голема љубов од сите нас заедно“, рече министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, во своето поздравно обраќање на сцената на театарот.“ -  Директорот на Македонскиот народен театар, Дејан Лилиќ

 Objekt.MNT.jpg

  Objekt.MNT.jpg

Министерката Канческа-Милевска истакна дека Шекспировиот Хамлет исповедал дека театарот е огледало во кое најдобро и најточно се гледаме сите ние и светот околу нас.
- Долгото патување до оваа голема и остварена цел го започнаа луѓето чии што имиња засекогаш ќе бидат запаметени во нашата историја: Војдан Чернодрински, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Мери Бошкова, Ана Липша Тофовиќ, Тодор Скаловски, Натка Пенушлиска, Васил Иљовски, Коле Чашуле, Ѓорѓи и Кирил Македонски, Тома Владимирски и многу други...нивните соништа и нивните дострели не обврзаа да ја оствариме оваа наша голема мисија но, и да го развиваме и натаму македонскиот театар онака како што тие го замислуваа...право кон ѕвездите, рече Канческа-Милевска. Таа додаде дека од огромна важност е што нашите македонски театарски уметници по долги години поминати во импровизирани објекти од денеска ќе живеат и творат согласно највисоките светски стандарди, и ќе создаваат уште поголеми театарски остварувања.

  Objekt.MNT.jpg

   Претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски во обраќањето пред присутните рече дека денешниот датум ќе остане со златни букви да се бележи во поновата културна историја на Република Македонија. Тој посочи дека како предисторија на овој датум ќе се споменуваат разни историски етапи во кои како на филмска лента се градеше театарската уметност во Скопје и воопшто во Македонија.

Стариот театар е на старото место исто како во старите добри времиња, истакнувајќи дека духот на стариот театар се сели во нов.
„Постарите како во сон повторно се наоѓаат во зградата на својата младост, објектот во кој наоѓале забава и оттргнување од секојдневните проблеми, а ние помладите го живееме она што сме го слушале од нив и она што сме го гледале само на слика. Тешко е денес да се најдат зборови кои ќе го опишат ова величенствено чувство на радост и исполнетост“, рече премиерот.
 Ќе се споменува ресторанот „Зрински“ изграден во 1913 година и во чија импровизирана сцена од штици се играле тогашните татарски претстави. Ќе се споменува и старата зграда „Арена“ изградена во 1919 година која им служела на театарските уметности се до 1925 година кога била урната и театарот, пак, останал без своја зграда. Ќе се споменува и 1927 година кога завршила изградбата на новиот театар и на ова исто место почнал да функционира Народен театар во Скопје кој во тоа време го носел името „Крал Александар“. Секако ќе се споменува и кобниот 26 јули 1963 година кога Скопје доживеа катастрофа однесувајќи бројни градби меѓу кои и зградата на Стариот скопски театар, рече Груевски. Тој истакна дека она што го зацртале и биле силно решени да го исполнат го исполниле.

 Денеска пред нас имаме завршено реализирано дело, зборот е исполнет. Република Македонија доби врвна репрезентативна уметничка зграда која ќе биде нов препознатлив симбол на Скопје. Објектот целосно ги надминува рамките на воспоставениот театарски образец и претставува своевиден музеј, рече Груевски, истакнувајќи дека МНТ конечно го доби својот нов дом. Тој и се заблагодари на министерката Канческа-Милевска, која, како што рече, „вложи многу време, енергија, труд, за ова да изгледа денес вака“. Му се заблагодари и на министерот за финансии Зоран Ставрески, кој, како што рече, „се потруди сите години да обезбеди средства за изградба и довршување на овој проект од големо значење за македонската уметност“. Упати честитки до министрите и пратениците кои го поддржаа проектот.

  Objekt.MNT11.jpg

  Objekt.MNT.jpg

 

Во МНТ, Скопје (31.05.2013 г.)

  Objekt.MNT.jpg

  Objekt.MNT.jpg

  Objekt.MNT.jpg

  Objekt.MNT.jpg

       Позициониран е на вкупна површина од 7.200 квадратни метри, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со дупло дно. Во системите на сценските технологии е вградена опрема од најпознати врвни светски производители за ваков тип опрема и објекти, која овозможува големи технички перформанси.
Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката која ги краси ложите во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на театарот на овие простори. Однадвор театарот го задржува својот автентичен изглед, а има и посебно осветлување (илуминација) на партерот, како и на целиот објект со што се истакнуваат неговите визури.

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

 Objekt.MNT.jpg

Извор:

  •   Преминпортал
  • Министерство за култура на РМ 
  • Нетпресс


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная