ОТВОРЕН "МАКЕДОКС", ОРИГИНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ СО ВЕРНА ПУБЛИКА
По 300 скопјани навечер гледаат документарци во Куршумли ан
Повеќе од 300 луѓе на отворањето, спонтана и невообичаена церемонија, луѓе со кромид во рацете (заштитниот знак на фестивалот), мало девојче пее симпатична песна, неофицијална атмосфера, повеќе или помалку добри документарци, луѓето гледаат филмови и слободно пушат цигари... Се ова беше дел од отворањето на фестивалот на документарни филмови Македокс" во петокот во скопски Куршумли ан. Со тоа, Македокс" уште со третото издание се етаблира како оригинален фестивал, кој може да се пофали и со она што е дефицитарно - со публика!
И изборот на гости е релевантен, а врв е Желимир Жилник, човекот кој во далечната 1969 на тогашна Југославија и ја донесе Златната мечка од Берлинскиот филмски фестивал.
Значи, кој сака пиво и цигара зачинето со документарец, кој сака муабет под смоква или, пак, само да избега од жешкото секојдневие - препораката оваа работна недела е Македокс.
Извор: Вечер