логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

 

 

 

 


Преводот на литературни дела од добитници на Нобелова награда за литература, промоцијата на 22 стручни книги од повеќе области од културата испечатени на македонски јазик, учеството на меѓународни саеми на книгата, се дел од реализираните проекти и активности на Министерството за култура во областа на издавачката дејност.

 


На денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска информираше дека по промоцијата на капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“, пристапено е кон превод на овој проект на англиски јазик. Носител на проектот е НУБ „Св. Климент Охридски”. Обезбедени се сите авторски права за 130-те тома македонска книжевност, а е избран и економски оператор за реализација на овој проект кој се очекува да биде готов следната година.  

На 15 септември во новиот објект на НУБ „Св. Климент Охридски” ќе биде промовиран и проектот „Превод на литературни дела од добитници на Нобелова награда за литература“, во кој се содржани и добитниците на Нобеловата награда за литература во 2009 и 2010 година.

Промовирани се 22 стручни книги од странски автори испечатени на македонски јазик. Книгите се од повеќе области, и тоа: ликовната, музичката, театарската и филмската уметност, архитектурата, археологијата, етнографијата и библиотекарството.

- Имаме позитивен одзив за оваа стручна литература и книгите се веќе дистрибуирани до повеќе институции од областа на културата - рече Канческа-Милевска.

Министерката за култура информираше и за капиталниот проект „Ѕвезди на светската книжевност”, кој содржи околу 550 книги. - Реализацијата на проектот ќе овозможи доближување на светските културни вредности до граѓаните и популаризација на пишаниот збор во сите сегменти на културното живеење - рече Канческа-Милевска и додаде дека е распишан тендер за реализација на проектот.

- И покрај рецесијата - потенцира таа - Министерството за култура остана доследно во реализацијата на својата програма и објави конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации. Од повеќе од 18.000 понудени публикации, годинава се откупени 4.121.

Министерката Канческа-Милевска подвлече дека годинава се поддржани четири големи меѓународни саеми на книгата во: Лајпциг, Москва, Франкфурт и Истанбул. Според неа, учеството на меѓународни саеми на книгата претставува одлична можност за промоција на литературата, културата и за промоција на потенцијалите на државата.

Таа информира дека во рамките на Саемот на книгата во Москва, в сабота ќе биде промовирана антологија на македонската поезија, специјално изготвена за саемот и во која се опфатени 65 истакнати македонски поети.

Академик Митко Маџунков, претседател на Одборот за проектот „Ѕвезди на светската книжевност”, рече дека овој проект е еден од најважните што се работи во Македонија и оти кај нас има доста поети и писатели кои сѐ уште не се преведени. Книгите ќе се објавуваат постепено, во период од четири години, во различен тираж бидејќи дел од нив се застапени и во образовниот процес.

Професорот Венко Андоновски, член на Одборот за проектот „Ѕвезди на светската книжевност”, потенцира дека тој е од капитално значење, а преводот ќе придонесе да се испробаат можностите на македонскиот јазик во повеќе книжевни родови и жанрови и, како што рече, „ќе се побуди обнова на веќе згаснатата школа на преведувачи“. 

 Извор: http://www.kultura.gov.mk/listsoopstenija_more.php?id=500

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 689
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1273
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1619
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1731
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

02/11/2025 - недела

Св.вмч.Артемиј;преп.Герасим Кефалониски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2025

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2025

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј  4 ноември/22 октомври 2025

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 4 ноември/22 октомври 2025

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски  3 ноември/21 октомври  2025

Тропар на светиот Иларион Мегленски 3 ноември/21 октомври 2025

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная