логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 

Скопје, 14 март (МИА) - Околу пет милиони садници на 54 локации во Македонија беа засадени денеска во рамки на третата акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“, која овој пат се одржа под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд - излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“.

Граѓаните имаа можност да засадат околу два милиони садници, а останатите три милиони беа во семе и ги посеаа вработените во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. 

Акцијата е иницирана од оперскиот пејач Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата на Република Македонија, ЗЕЛС и НВО-секторот, дипломатскиот кор, македонската естрада, истакнати актери, спортисти и компании од државата.

Иницијаторот Трајанов посочи дека уште еднаш се покажа оти временските услови не претставуваат проблем за граѓаните да излезат и да засадат дрвце.

Во акцијата масовно се вклучија владини претставници, голем број граѓани, ученици, невладини организации, медиуми, компании....

Премиерот Никола Груевски засади дрвце на локалитетот Трновец, кај селото Кетеново, Кратовско. На овој локалитет предвидено е на површина од триесет хектари да бидат засадени околу шеесет илјади дрвца.

Заменик-претседателот Зоран Ставрески по засадувањето дрвце на Ајатовски рид, Скопско истакна дека акцијата ги надминува границите на Македонија, односно, како што рече, ја прави земјата препознатлива во Европа по љубовта кон природата и кон засадувањето на дрва.

- Одѕивот од година в година покажува дека граѓанската акција за засадување дрвца наидува на широка поддршка кај населението. Верувам дека ќе умееме да ги сочуваме и да ги негуваме понатаму да се види дека во Македонија луѓето имаат однос кон природата, имаат свест за екологијата и за значењето на животната средина, истакна Ставрески. 

Дрвца на повќе локации денеска засадија министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за надворешни работи Антонио Милошоски, за здравство Бујар Османи, за економија  Фатмир Бесими, за здравство Бујар Османи, за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, за финансии Трајко Славески, кандидати за претседатели, за градоначалници...

Во обновување на шумскиот фонд се приклучија и повеќе од 1.900 припадници од седум армиски гарнизони и засадија над 600 илјади дрвца на 16 пунктови низ земјава.

По примерот на Македонија на 20 март дрвца првпат ќе засадат граѓаните на Црна Гора, а во октомври се очекува Денот на дрвото да се реализира во целиот Балкан.

Акцијата за пошумување чија цел е зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест, почна на 12 март мината година кога беа засадени два милиона дрвца, а на 19 ноември шест милиони во еден ден. сс/ев/15:42



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.
Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1171
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1286
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2889
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

27/07/2025 - недела

Светиот апостол Акила; Преподобен Елиј; Преподобен Никодим Светогорец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2025

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2025

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули   2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули 2025

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная