логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Векови натежнале во древните ракописи
Нашата култура, историјата, религијата, идентитетот се скриени во илјадниците древни и уникатни ракописи што строго се чуваат во Универзитетска библиотека


Чувајќи ги древните ракописи и книги се чуваме и себеси: од изложбата на ретката колекција на НУБ „Св. Климент Охридски“

Живот, идеи, мисли, верувања, зборови стари речиси илјада години се скриени во древните средновековни и ориентални ракописи што строго се чуваат во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Напишани на пергамент и на стара хартија со мастило направено од посебни билки, околу 4.000 ракописи сведочат за развојот на нашата и на светската култура, цивилизација, историја, филозофија, религија. Нивната вредност е непроценлива. На вага листовите со ракописи се тешки само по неколку грама, но зборовите и мислите во нив тежат цели векови. Извадени од долапи од стари манастири и цркви, од некогашни џамии и медреси, ракописите денес се удомени во посебни простории на Универзитетската библиотека, во кои пристапот е строго забранет. Нив не може секој да ги чита, а содржината е разбирлива само за тие што го знаат старословенското и арапското писмо.

Чувари на идентитетот

Поделени се во две збирки - археографска што содржи 270 старословенски ракописи и ориентална збирка со околу 3.700 ракописи напишани на арапски, османско-турски и персиски јазик. Научниците што ги испитуваат записите велат дека во кревките и уникатни ливчиња се сместени корените на времето што денес го живееме.

- Многу одговори за проблемите со кои сега се соочуваме може да се најдат во ракописите. Основата за одбрана на идентитетот на нацијата се наоѓа во нив. Таму се сместени нашиот јазик, историјата, културата. Ракописите во себе кријат многу вистини и преку нив може да се види развојот на нацијата. Тие се сведоци и за ракописната традиција на нашите цркви и манастири - вели Виолета Мартиновска, одговорна за археографската збирка во НУБ.

Црковната содржина доминира во ракописите од старословенската збирка. Биле пишувани за потребите на црквата и за богослужбите што се изведувале во нив. Во збирката има ракописи од 13 до 19 век во кои се опфатени сите средновековни жанрови.Тогашните пишувачи и препишувачи се грижеле напишаното да трае, па користеле специјални мастила приготвувани од растенија. Мастилото е толку квалитетно што ни денес не може да се избрише.

- Текстовите изгледаат толку свежо, што оставаат впечаток дека се пишувани неодамна, а не векови наназад - вели Мартиновска.

Ракописите најчесто биле пишувани на пергамент, кој исто така се изработувал рачно. Значајно место имала и подврската, па кориците биле дрвени, прекриени со кожа и со копчиња. Повеќето ракописи биле откриени во некои зафрлени делови во нашите цркви и манастири. Само мал дел се донесени од луѓе што како семејно наследство ги имале во своите домови. Од НУБ велат дека и денес низ македонските села и верски објекти постојат неоткриени стари ракописи.

ракописите се поскапоцени

Гордост за НУБ е и големата ориентална збирка со ракописи. Во неа има 2.600 ракописи на арапски јазик, 1.050 на османско-турски јазик и уште стотина напишани на персиски јазик. Голем дел од нив се' уште е недоработен, зашто нема доволно специјализиран кадар за таа дејност.

Меѓу ретките познавачи на ориенталната литература кај нас е Маријана Кавчиќ, одговорна за таа збирка во НУБ. Најстариот ракопис што досега е откриен и кој се чува во НУБ потекнува од 1.195 година. Тоа е текст од околу 300 страници, се однесува на исламското право, а потекнува од источен Судан. Другите ракописи кај нас стигнале од целиот исламски свет, па ги има од Багдад, Каиро, Истанбул, од Босна и Херцеговина, како и од Бугарија и од Грција. Кај нас допатувале преку аџии, студенти, верски лица, кои биле на аџилак во тие земји. Слично како и старословенските ракопсии, ориенталните се претежно религиски текстови. Напишани се на ориентална и на европска хартија. Ориенталната е постара и била рачно изработена. Мастилото било направено од мешавини од јаглен, вода, саѓи. Во ориенталните ракописи освен црната, се користат и црвената, жолтата, сината и зелената боја.

Неповторливи дела

Особено внимание е посветено на декорацијата, па чести се текстови напишани во форма на стебло или птица.Во збирката има и многу ракописи создадени кај нас, а најстариот потекнува од 1519 година. Тоа е текст кој се однесува на исламска догма, а бил препишан во медресата на Иса-бег во Скопје. Кавчиќ верува дека е можно меѓу текстовите да се најдат уште постари записи. Таа вели дека вредноста на тие ракописи не може да се измери со ниту една валута.

- Тие ракописи се неповторливи, а со тоа и непроценливи. Со секој одминат час расте нивната цивилизациска вредност. Зад нив стои цела историја. Штом еден ракопис бил грижливо сочуван уште од 1195 до денеска, тогаш е сосем јасно дека ние сме должни да вложуваме уште повеќе да ги сочуваме тие бесценети дела за следните генерации - вели Кавчиќ.Денес само научниците имаат привилегија да им пристапат на уникатните ракописи. Единствено со дигитализација тие може да станат достапни и за јавноста. Додека да се реализира тоа, тајните од старите ракописи ќе останат во „љубовна“ врска со научниците, кои и денеска ги препрочитуваат текстовите напишани пред повеќе стотици години.

Најстариот старословенски ракопис е од 13 век

Фрагмент од посен триод кој потекнува од 13 век е најстар сочуван ракопис од старословенскиот период што се наоѓа во НУБ. Тоа е едно парче пергамент на кое со посебно мастило е напишан текст со црковна содржина. Пристапот до пергаментот е ограничен, а забрането е негово фаќање со голи раце зашто секој допир е опасен и може да го уништи.

Тоше Огњанов



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1073
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2641
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная