логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА

IV. Основни карактеристики на културнто наследство

Иако малку проучени културните споменпци од регионот на Матка со својата бројност и концентрација, потоа со културната и национална вредност претставуваат еден своевиден комплекс вреден да го привлече вниманието на секој посетител: работен човек, граѓаннн, истражувач пли пак странски турист.
На ова место ќе ги проследиме основните карактеристики на сите познати споменици на културата во овој регион за да може да се разбере грандиозноста на овој комплекс па според тоа и потребата од нивно итно ставање под заштита, а логично и вклопување во рамките на идниот споменик на природата и туристички комплекс Матка.
Старините на овие простори можеме генерално да ги групираме во два значајни временски периоди: антика и среден век. Во основа античките археолошки локалитети се речиси непспитани. Средновековните пак претежно сакрални објекти - манастири и цркви се нешто повеке познати.
Прегледот што следи е составен според териториите на селата околу кањонот на езерото Матка - неговиот преден дел: Шишево, Глумово, Матка, Барово, Света Петка, а ги опфаќа главно локалитетите сместени околу реката и езерото. Следи кусо набројување на културните споменици.

БАРОВО
Кале: доцноантички кастел стража
Западниот дел на планината Водно со високиот потез Веља Глава доминира над самиот завршеток на клисурата на Треска. На самиот врв се наоѓаат останките на еден цврсто укрепен доцноантички кастел. Тој има неправилна триаголна форма. Голем околу 100 х 80 метри. Одбранбениот ѕид е граден од кршен варовнички камен, врзуван со цврст малтер. Внатрешноста е исполнета со останки и контурп на урнатите градби. Според повеќе наоди на монетн заклучуваме дека животот на ова место траел од 4. до 6. век. Во кастелот секако престојувале воени единици на крајот на античкиот период, со задача да вршат контрола на позначајните западни влезови во скопската котлина.
Денес точно преку овој локалитет води познатата трим-патека од хотел Панорама, преку врв - Водно, по гребенот на Водно, Кале, и спуштање до езерото Матка.

ДОЛНА МАТКА
Вила на Мицко Петров: некропола од римско време
Во рептември месец 1963 година на парцелата на.овој граѓанин на  Скопје при градбата на новата вила биле раскопани неколку гробови со кремирани покојници. Во едниот од нив биле регистрирани особено репрезентатнвни прилози: керамичката црвено фирнисана чаша претставувала пергамски импорт. На дното било втиснато СОФРОΝ...
Потоа дел од голема лачна фибула, клинци и листови од злато веројатно од венец што се ставал во косата.
Напомнуваме на ова место дека е сосем можно надгробната стела на извесната ослободеничка од римскиот период - Катиниа, вѕидана во северната фасада на црквата Света Богородица во блискиот манастир Матка, да потекнува од оваа некропола.

МАТКА
Св. Андреа
Средновековната манастирска црква била изградена во клисурата на реката Треска, скриена меѓу стрмните варовнички карпи на левиот брег. Ја подигнал Андреа син на кралот Волкашин во 1388/89 година, воедно подарувајќи му на манастпрот повеќе дарови во вид на села и имоти. Архитектонски гледано градбата претставува комбинација на пздолжен триконхос - одвнатре, н слободен крст - однадвор. Олтарната апсида однадвор е петострана. Над централниот дел била издигната купола врз пандантифи. Живописот е расположен на ѕидовите во три зони. Главен уметник и  раководител на сликарската дружина што ги  иработила фреските на оваа црква бил митрополит Јован. Тој се појавува кон крајот на 14. век како мошне зрел и способен уметник кој го издига македонското средновековно сликарство на едно повисоко ниво. Познат нн е уште и со своите дела од манастирот Св. Спас кај прилепското село Зрзе. Во фреските на Св. Андреа гледаме главно христијански новозаветни  сцени: „Маките на Христ“, „Молитва на Маслиновата гора“, „Миење на нозете“, „Тајна вечера“, „Симнување од крстот“, потоа „Раѓање на Христос“, „Сретение“, „Крштевање на Христос“ и други. Гледано од стилско-уметнички аспект ова сликарство содржи извесни новини и особености по кои се издвојува од другите тогашни споменици во Македонија.

Дол меѓу Св. Андреа и Марков град: средновековни  скитови
Долж стрмниот дол што се спушта од средновековниот Марков Град кон манастирската црква Св. Андреа се наоѓаат останки повеќе монашкн скитови. Скромни станови на осамените монасн од средниот век.

Света Богородица: манастирска црква
На самиот лев брег, на околу 150 метри од излезот на рекатз Треска од треснецот под браната. Асфалтниот пат кон езерото Матка води до под самиот манастир Се претпоставува дека оваа црква ја подигнал властелинот Бојко во 14  век.
Личноста на овој средновековен господин е завнткана во магла. Она што знеме е дека бил господар на Матка, додека неговнот брат господарел над средновековниот град Звечан на реката Ситница. Претпоставувам дека Бојковата резиденција се наоѓала високо во средновековниот таканаречен "Марков Град", Матка, за што ќе стане збор натаму во текстот.
Госпоѓата Милица во 1497 година ја нашла црквата Света Богородица со урнат покрив. Таа ја финансирала обнова и изработка на живопис. Подигање на припрата и купување на лозје за манастирот. Објектот има форма на стеснет, впишан крст, со осмоаголна висока купола. Апсидата однадвор е тространа. Живописот датиран од крајот на 15. век со новозаветни сцени од Христовите страдања и Големите празници. Во долната зона на западниот ѕид сликарот ги претставнл и ктиторите Милица и Никола облечени во граѓанска облека.
Во куполата на црквата и во долните партии гледаме неколку камени елементи тука секундарно вградени. Во куполата се наоѓаат два менои од ранохристијанска црква, во јужната фасада долу: антички столб и дел од архитектонски елемент со украсен орнамент според кој можеби се работи за архитрав, и во северната фасада се наоѓа раноримската надгробна стела на младата 29 годишна жена-ослободеничката Катинија. Овие постари камени делови потекнуваат од една раноримска некропола со храм, и една ранохристијанска црква. Нивната локација денес е непозната. Постои претпоставка на професор д-р Иван Микулчиќ, дека овие биле донесени од локалитетот Свети Спас, Матка.

Ивање: средновековно село
Локалитетот се наоѓа на падината на планината Осој, свртена кон Треска, околу 1700 метри југо-источно од нај-јужниот врв на Осој (1327 метри). Забележано е дека селаипте од ова македонско средновековно село живееле од кози, планинско земјоделство, шумарство и пчеларство.

Киша – Света Недела: црквата на селото Ивање
Се наоѓала северо-нсточно од селото во еден спуштен терен. На местото се познаваат останки од ѕидовите на црквата.

Катуниште: мало античко селце
Околу 300 метри југо-источно од Матка. Останки на станбените објекти, тули, покривни тегули.

Круша: доцноантички заселок
Локалитетот се наоѓа на 1.6 км. јужно од селото Матка, на патот кон Св.Спас, околу 100 метри пред Краста. На теренот има остатоци на неколку доцноантички куќи: ретки фрагменти садова керамика, делови на покривни тегули - коринтски тип

Куќишта: античко и средновековно село    
Околу 300 метри северо-источно од Матка. На поголем простор на терасестите падини се гледаат останки од некогашните станбени објекти. Градежниот материјал е скромен: грамади кршен камен, делови антички покривни керамиди - тегули коринтски тип. Потоа површински наоди железни клинци, 6 средновековни чанкасти монети од 13. век (необјавено).

Лозно: средновековно село
Се наоѓало североисточно од Ивање, на падините на Осој свртени кон Треска. Било населено со православно македонско население. Се споменува уште во 14. век како имот на манастирот Св. Андреа. Било раселено многу одамна како што наведува д-р Ј. Трифуноски "од турски зулум". Денес не знаеме речиси нпшто повеќе за археолошките останки на ова село.

Марков Град: доцноантички кастел и средноковна тврдина
Марков Град привлекува внимание како со својата невообичаена позиција. така и со интересната композициска диспозиција на составните делови од тврдината. Овој културно-историски споменик се наоѓа околу 2 километри јужно од селото Матка. Сместен на високите карпи што се наднесуваат над езерото Матка, точно во линија над средновековната црква Св. Андреа, за околу 400 метри над неа. Се работи за останки од цврсто утврден пункт во планот составен главно од два дела. Акропола п подградие. Тврдината долго време не била проучувана, веројатно затоа што се наоѓа на непристапна положба  и да се пријде денес на  некои нејзини делови претставува извесен алпинистички подвиг. Оддалеку тешко се забележува, па дури и кога ќе се пријде во близина, поради густата вегетација тешко може да се воочат останките
Акрополот   бил    посебно   утврден   во   средниот   век   и   денес претставува најмаркантна фаза во тврдината, на површина од 0.25 ха. Во нејзиннте рамки се наоѓаат повеќе објекти меѓу кои тука ги издвојуваме, средновековната   црква  Света  Недела  и  централен стамбен објект до црквата.

Света Недела е мала еднокорабна, поткуполна црквичка сместена во акрополата на средновековниот Марков Град. Според просторната елевација се вбројува во типот на цркви од стеснет впишан крст. Врз ѕидовите од внатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација. Во студијата на останките од фреско-живописот на д-р Мирјана Љубинковиќ се забележени неколку светители во олтарниот дел, потоа фигурата на Света Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид, а постарата литература од 1912 годнна забележала дека десно од светителката бил портетот на ктиторот кој и го пружа моделот на црквата. За жал оваа црква е повеке годнни изложена на стихијата и максимално разурната. Очите на светителите ископани, куполата урната. Единствено стои источниот лак врз кој се потппрала куполата.
Централниот станбен објект со правоаголна основа беше археолошки ископуван. Резултатите покажаа дека животот во него се одвивал низ 14. век во исто време кога егзистирала и црквата. Откриени бројни делови од грнчарија потоа жпвотннски коски. Претпоставувам дека во него жпвеел господарот на Матка - Бојко.
Народната месна традиција се раскажува за убавата Бојана господарка на овој град, која бранејки го од Турците за да не им падне во раце се самоубила скокајќи во реката. Тука е очигледна сличноста на имињата: Бојана - Бојко.
Западниот подград е голем 120 х 50 метри. Опфатен со силен одбрамбен ѕид, широк 1,80 м, на едно место сочуван во височина до 3 метри. На неговата површина забележуваме многу доцноантички градежен материјал: делови од покривни тегули - коринтски тип, големи питоси и сл. Водата во тврдината била спроведена преку керамнчки цевки - тубуси - од изворот на Горна Ковачица, околу 500 метри западно, и на повисока кота во шумата.

Рамниште: доцносредновековно село
Околу 750 метри северо-источно од Матка се гледаат останки на грамади, од едно доцносредновековно село. Непроверено на терен.

Света Петка: некропола на селото од Рамниште
На падпната под Рамннште се наоѓа некропола со гробови под плочи. Веројатно од селцето на Рамниште. Непроверено на терен.

Свети Спас – Стара Матка: античко и средновековно село и култно место
Планински рид висок околу 615 метри се издига за околу 400 метри високо над левиот брег на реката Треска. Далеку 1.5 км. јужно од селото Матка. На врвот има зарамнето плато со стрмни падини од север, исток и југ. Единствено од запад со едно широко седло се поврзува со планинскиот масив.
Во средишнпот дел на платото се наоѓаат две градби. Северната е малата еднокорабна црквичка Свети Спас. Нзградена пред дваесетина години врз средновековна црквичка, можеби доцен 14 век. На истите се гледа дека се фундирани врз контури од постар култен објект со засега непозната припадност.

Свети Троица е јужната градба, всушност разурната црква од 12. век, време на владеењето на византиската династија Комнени. Селаннте од Матка ја раскопале пред околу дваесетина години, но не успеале да ја обноват. Денес на теренот гледаме еднокорабен простор со полукружна олтарска апсида од исток. На западната страна се наоѓа правоаголна припрата.
Освен овие две градби на теренот лежат расфрлени, пли пак вѕидани во двете опишани цркви, повеќе камени архитектонски елементи од две антички култни градби:
- Храм од првите векови на новата ера. Од него потекнуваат: две атички бази, делови од колони, делови од архитравна греда со латински натпис, еден јонски капител. Материјал: травертин и мермер
- Ранохристијанска црква: доцноантички бази, импост за мено со ранохристијански крст, импост за ѕиден пиластер - челната страна украсена со акантови лисја со остри перки. менои и друго.
Во овој контекст се поставува прашањето за местонаоѓањето на овие два антички храма. Веројатно под средновековните објекти, но за да го дознаеме ова децидно, секако дека е потребно грижливо археолошко ископување на овој локалитет.

СВЕТА ПЕТКА
Козарево: средновековно село
Се наоѓа на потез западно од денешното село Света Петка. а непосредно над високиот десен брег на Треска. Денес на теренот се распознаваат позицппте на поедини разурнатн куќи.

Манастир Св. Јован Златоуст: средновековен манастир со црква
Во близина на селото Козарево се наоѓа овој средновековен манастир. Непроучен и непознат на нашата научна јавност.

Света петка – Црквиште: средновековна  црква
Од западната страна на селото, денес треба да се ниви (податокот е од 1958 година. Бидејќи селото е денес населено со муслимански жители и во меѓувреме ако се проширувало, можеби останките на црквата се девастирани).   Професорот д-р  Јован  Трифуноски   забележал дека муслиманите максимално ја разурнале црквата, а градежниот материјал го употребиле за градба на селската џамија во близина на црквата.

ШИШЕВО
Свети Атанасие: средновековна црква врз постаро култно место
На едно возвишение над јужната периферија на селото се наоѓаат селските гробишта и црква посветена на Свети Атанасиј. Таа е еднокорабна во планот покриена со полукружен свод. Од внатре гледаме фреско живопис датиран во 1565 година со очигледно прнсутни ретардирани стилски одлики од сликарството на 14. век.
Во фасадите: северната и јужна гледаме повеќе антички сполии, секундарно вградени архитектонски елементн од две постари култни градби. Една е храм од првите векови на новата ера: од него два јонски капители, една атичка база, плоча со централна украсна розета.
Втората е ранохристијанска базилика: од неа мено и импост со ранохристијански крст, дел од парапетна плоча од канцелот на црквата и така натаму.

Свети Никола Шишевски: манастирска  црква
Високо над езерото Матка, на варовничките карпи на десниот брег, сместен на едно седлесто плато, овој манастир е лесно достапен по патека што води низ живопосен предел на околу 30 минути од браната.
Манастирската црква се состои од два тракта: источен во форма на еднокорабна црква со тристрана апсида од надвор, и западен во форма на стеснет впишан крст со купола и конзоли. Внатрешноста на ѕидовите е исполнета со фрески во три слоја. Најстариот сочуван во сосем мали фрагменти неможе стилски да се определи, можеби потекнува од  12-13. век. Овие фрагменти биле покриени со сликарство од 14. век. А врз овој е нанесен уште еден слој фрески датиран во годината 1630. Овие фрески се одликуваат со карактерпстична наративност, натрупаност на мотивите главно сцени од чудата и маките на Исус Христос, потоа животот на Светн Никола.
За одбележување е карактеристичната керамодекорацпја од горните зони на крстовидниот западен објект. Освен тоа, високо на јужната фасада се наоѓа една интересна рељефна плоча со кружен окулус. На неа гледаме рељефно претставени во преден план два лава со една глава со антропоморфни црти во ликот и круна. Горе лево се два грифони афронтирани како пијат од една евхаристична чаша. Останатите три животни во горниот десен агол најмногу личат на кучнња.

Подградиште: непроверено
Месноста ја забележил д-р Ј. Трифуноски како карактеристичен топоним.

ЗАКЛУЧНИ РАЗГЛЕДУВАЊА
Во прилогот ги наведов најосновните податоци за археолошките локалитети и другите споменици на културата во непосредната блпзина на реката Треска, односно предниот дел на езерото Матка. Тоа се споменици од разни временски периоди, меѓутоа низ еден долг временски континуитет од првите векови на новата ера низ средниот век до денешно време. Значи дека луѓето тука населуваат разни микропозицин, подигаат свои култни градби а животот го завршуваат во некрополите близу населбите. Според овие местоположби можеме да диференцираме три зони, во кои се расположени културните споменици.
1. Ниска зона Споменици на културата расположени непосредно крај реката Треска или езерото Матка. Меѓу нив централно место според својата репрезентативност и автентичност завземаат средновековните цркви Св. Андреа и Св. Богородица. Потоа тука е и црквата Св. Атанасие во село Шишево со архитектонските камени елементи од постариот храм и ранохристијанската црква веројатно на ова место.
2. Средна зона. Тука се истакнува манастнрот Св. Никола Шишевски (потребна ревитализација и обнова на ѕидот, портата и конаците). Потоа комплексниот археолошки локалитет Св. Спас - Стара Матка (потребно археолошко ископување на храм од римски период и ранохристијанската базилика, потоа заштита на средновековната црква од византиски период Св. Троица, и целосна презентација на овој мошне значаен културен локалитет. Во оваа зона се наоѓаат најголем број на античките и средновековни локалитети. Тоа се главно останки на мали селца. Дел од нпв се наоѓа во или околу широкото поле на денешното село Матка, при што егзистенцијата била остварувана преку екстензивното земјоделство и дел во сточарството. Друг дел се доцносредновековните напуштени македонски села лоцпрани во тешкопристапниот предел од двете страни на езерото: Ивање, Козарево, Горица, Момково и други. Нивната егзистенција се засновувала врз сточарењето. Иако можеби на прв поглед овие локалитети немаат некоја атрактивност, сметам дека истите за нас претставуваат посебен културен трезор. Нивните позиции задолжително треба да ги маркираме и чуваме. Еден ден и овие места ќе дојдат на ред за внимателно истражување.
3. Висока зона. Истакнуваме два извонредно репрезентативни културни споменика. Доцноантичката тврдина или кастел - стража Кале, Барово со позиција на доминантниот врв над реката Треска - Веља Глава (потребно археолошко ископување; конзервпрање и презентирање); и Марков Град: доцноантички  кастел-населба   и  средновековен  град  Матка  со  црква Св. Недела. (Потребно итно заштитување на црквата Св. Недела. Истата се наоѓа во исклучително тешка - руинирана состојба. Потоа конзервирање на ѕидовите, обнова на портата и целосна презентација за посетителите). Овој средновековен град се наоѓа високо на карпите што се наднесуваат над езерото. Секоја посета на ова место претставува своевидна сензација. Пристап од Св. Богородица или од  селото Матка, преку Св. Спас-Стара-Матка.
Регионот околу кањонот на Матка со своите културно - историски споменици претставува скапоцен културен резерват, вистинска ризница но сеуште не и дооформен музеј на изминатите векови. Ако замислиме дека наброените културни споменици на Матка претставуваат една скапоцена  книга на минатото, сепак мораме да забележиме дека таа книга сеуште не е доволно отворена за посетителот. Само еден мал дел, средновековните цркви и манастири се достапни и познати. Меѓутоа поголем дел археолошки локалитети допрва треба да се истражат и презентираат пред нашите граѓани и странските посетители. Оваа замисла не може да се оствари доколку не постои една кординација на активностите за таа цел.
Одтука сметам дека токму иницијативата на спелеолошкото друштво "Пеони" од Скопје за прогласување на регионот Матка за споменик на прпродата може да придонесе кон афирмацпјата на вредните културни споменици од регионот, преку грижата и иницирањето на нивно археолошко истражување, заштита и ревитализацпја и конечно презентирање пред нашата и светска јавност.

Подносител на Елаборатот
Магистер Виктор Лилчиќ,
Филозофски факултет – Скопје,
Институт за Исторпја на уметноста и археологпја, с.р.

Скопје, 26.  IV. 1992. 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная