Владата ја започна кампањата „Здравјето е избор! Здрава храна и здрав начин на живот значат долг живот!“, кој има за цел подигнување на јавната свест за корисноста од здравата исхрана и здравиот начин на живот, како и применување на физичка активност.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој беше гостин во Дневникот на Сител вели дека кампањата е базирана на научни докази. Денес секој еден можен мноу лесно да се информира што е добро да се конзумира како храна, при тоа информациите добивајќи ги на интернет, но не секогаш тие информации се точни и проверени од стручни лица.
-Има мноу неточни информации кои граѓаните ги насочваат да се определат за одредна храна. Има и голем број на „научни студии“, кои во суштина се научни индустрии. Така одредени индустрии ги фаворизираат своите производи преку изведување на оределени „научни студии“ кои на повисок пијадестал ги издигнуваат нивните прозиводи се со цел за поголема нивна продажба, изјави порпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев на гостувањето на вестите на Сител.
За таа цел Владата се одлучи да спроведе ваков тип на кампања во која ќе бидат пласирани исклучиво и само научно потврдени, јасни прецизни и недвосмислчени информации.
-Изворите од кои што ги црпиме сите овие информации се меѓународно верифицирани и потврдени. Како на пример СЗО, Школата за Јвано здравје на Харвард, Центарот за превенција и контрола на болести на САД како и голем број на други асоцијации и организации, се со цел да се пласираат точни, потврдени и научно докажани информации, истакна Ѓорѓиев
Целта, како што додаде тој е да се влијае едукативно на граѓаните за тоа што е здраво да се јаде, колку да се спортува, мотивацино да се влијае на граѓаните да се насочат кон позитивниот начин на живот.
-Кампањата не е излирана активност. Таа е дел од една системска стратегија која што Владата и сите институции ја превземаат во изминатите 2 години. Формиравме Комитет за здравје и животна средина на кој што сеопфатно и системски координирано од страна на сите институции се разгледуваат сите реформи кои што треба да бидат превземени, додаде тој. Повеќе погледнете во видеото.
Извор: Курир