На 18 март оваа година на ерменскиот аеродром „Еребуни“ во Јереван биле благословени три воени авиони кои се во состав на руската авијација, а на авијатичарите им биле поделени Евангелија и Псалтири како благослов од Патријархот Кирил. Борбените авиони од типот МиГ 29 биле именувани според трoјца руски светители – воини – св. Александар Невски, св. Димитриј Донски и св. Меркуриј Смоленски. Благословувањето го извел архимандритот Андреј Вац, помошник-командир во руската 102-ра воена база. Според него, 75% од војниците во неговата борбена единица се верници кои припаѓаат на православната или исламската верска заедница, пренесува страницата NovostiNK.ru.
Чинот на благословување на воздухопловни возила е дел од серијата настани посветени на Великиот Пост. Планирано е, меѓу другото, за време на Постот да бидат благословени над 500 воени објекти, како и 15 илјади парчиња оружје и воена опрема.
Извор: Pravmir.ru
25.03.2014 год.
Преземено од: Кумановско- осоговска епархија