Скопје, 3 февруари (МИА) - Полио плус, Министерството за труд и социјална политика, МРТВ, Детла прес и Заводот „Бања Банско“ организираат телефонско донирање и аукција на слики од Роза Мојсовска и двете 11-годишни момчиња Дарко и Игор (сите штитеници на заводот „Бања Банско“) во емисијата „Иселенички џубокс“ на Македонската телевизија. На повиците на граѓаните ќе одговараат високи владини претставници, познати уметници, претставници на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и меѓународните институции.
Македонски телекомуникации ќе отворат 15 телефонски линии, бројот на кој срествата ќе можат да се донираат е 142 100 преку фиксните телефони, а цената на повикот е 100 денари.
Покрај телефонското донирање граѓаните ќе можат да учествуваат на аукцијата на која ќе се продаваат сликите на штитениците од Заводот „ Бања Банско“, кои се изработени со техниката цртање со уста. Цената на секоја од сликите е 1.000 евра, а парите што ќе се соберат ќе бидат употребени за домување на лицата со хендикеп.
Од Полиот плус наведуваат дека првичните средства ќе бидат наменети за воспоставување на Уметничко училиште Розе Мојсовска, каде покрај нејзината техника( цртање со уста) ќе се надградуваат и промовираат и други вештини и способности на лицата со хендикеп, што ќе придонесе кон концептот за независно живеење на лицата со хендикеп. сд/9:07