Израелски археолози веруваат дека ја пронашле древната пештера Голгала во близина на Ерихон. Се верува дека пештерата ја издлабиле првите христијани и се смета за една од најголемите во Израел направени од човечка рака. Симболите што се најдени датираат од првата година од нашата ера. Во текот на големите прогони на христијаните од римските императори, пештерата служела како засолниште, а во византискиот период била претворена во манастирот „Голгала“.
Извор: Дневник