Екипи на Заводот и музеј-Охрид почнаа со конзервација на архитектурата на црквата „Св. Богородица Перивлептa“ во Охрид
Како што најавуваат од Министерството за култура, во почетокот на идниот месец странски експерти за конзервацијата на фрескоживописот треба да дојдат во Македонија и заедно со нашите конзерватори да го завршат проектот до почетокот на летово. Изработени се и проекти за манастирскиот конак и камбанарија.
- Бидејќи се работи за исклучително значаен споменик, како и поради лошата состојба на фреските, што е последица на состојбата на градбата, одлучивме да вклучиме странски експерти со искуство во црковното градителство од византискиот период - велат од Министерството за култура.
Одговорен за интервенции на архитектурата е Алкивиадес Препис, архитект-инженер од универзитетот „Ксанти“ во Грција, а на фрескоживописот - Донатела Зари и Карло Џантомаси, италијански експерти.
Проектот е финансиран од фондот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во Скопје.
Извор: Нова Македонија