логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Стереотипии за името (1)


По дефиниција, стереотипијата значи „непрекинато повторување, ритуално и бесмислено однесување или изразување, типично за лица со ментална ретардација“ (на лица со патриотска ретардација, или со лукративна хипертрофија-мз) 
 
 
Во врска со проблемот на Грција енд компани со нашето име, некои фрази, поради нивното (зло)намерно и јавно повторување, често пати, некритички и ненамерно се прифаќаат и пошироко се вгнездуваат во свеста, како аксиоми.
Еве накратко некои размисли заради нивно разобличување:

Прво: „Република Македонија е нашето уставно име.“

Треба да се прави разлика меѓу името на идентитетот (Македонија) и името на нејзиното политичко уредување (Република).

Името „Македонија“ и сé што произлегува од него во која било изведена форма (македонски/ска/ско...), не произлегува од Уставот на Република Македонија, туку обратно! Тоа е нашето природно, традиционално, историско име, старо милениуми, врзано со истото име на оваа територија и истоимениот народ, со истоимена култура и јазик, независно кога и како, од тој народ, на поголем или помал дел од таа територија, е создадена држава со такво име, дали и колку луѓе од други народи и држави минале, останале, се смешале со македонскиот итн... Оттука, ова македонско име и нашата поединечна и заедничка самоидентификација како Македонци, според науката, влегува во сферата на ПРИРОДНОТО право, кое, по дефиниција, е „наддржавно, неотуѓиво, вечно и не се засновува на ниедно право определено од луѓе, ниту може од такво право и под никакви услови да биде повредено“ (наречено и како „вистинско право“ или „право на разумот“).

Заради задоволување и на спротивната теорија на ПОЗИТИВНОТО право, според која важечко е само она право што е пропишано/озаконето, е направен обид - природното право да се „озакони“ во серијата човекови права во Општата декларација за човековите права (ООН, 1948 г.). Оттука, правото на секој човек, па и нашето, на секој од нас поединечно - на самоизразување и самоидентификација е темелот, не само според природното туку и според позитивното право! И над тоа, затоа што оваа декларација се однесува на сите народи и држави што се обврзани/должни да придонесат кон почитување на овие права и со свои национални и меѓународни мерки да осигурат нивно почитување, а особено ова: дека одредбите од оваа декларација не може да се толкуваат како право на која било држава, собир или поединец, да врши, или учествува во каква било активност насочена кон повреда на кое било од овие права и слободи.

Според тоа, името Македонија и од него изведените форми (македонски...) прво е наше природно право - наддржавно, неотуѓиво и вечно и не се засновува на ниедно право определено од луѓе, ниту може од такво право и под никакви услови да биде потиснато, и второ е пропишано, озаконето природно право со врвен, универзален, позитивен меѓународен правен акт, со кој едновремено се обезбедува негова безусловна заштита!

Значи, моето, Твоето, нашето МАКЕДОНСКО име е ПРИРОДНО и ОЗАКОНЕТО ПРАВО – како мое, твое и наше загарантирано човеково право, кое ниедна држава (власт), ниеден собир и никој поединец нема право или каква било можност да го повреди/смени.

Но, од друга страна, сегашнава македонска држава, поради своето општествено-политичко уредување носи име „Република“, кое, само по себе, како одредница е дозволиво менливо. Но САМО таа одредница е прашање на именување/определување со Уставот. Таа одредница („Република“) може да се преименува во монархија, федерација, конфедерација и др. Но тоа е назив -„име“ само на уставното уредување на државата со идентитетско име Македонија!

Стереотипијата дека името на нашата држава Република Македонија е уставна категорија не е само погрешно туку е и опасно, имајќи предвид дека овој Устав, како и кој било друг правен акт е променлив, па оттука, погрешно би следувало дека е променливо и името - Македонија. Особено што ниту овој Устав на РМ, ниту кој било друг правен акт кај нас, или во кое било законодавство во светот предвидува можност, надлежност и постапка за менување на името на чиј било идентитет или држава (Франција, САД, Грција, Албанија...), па ниту на нашиот парламент или друг посреден или непосреден облик (референдум) на демократско изјаснување!

Затоа, секоја активност насочена кон промена на името Македонија и изведените форми од него, без или со каков било и чиј било правен или друг вид акти, претставува директна повреда на неприкосновеното природно човеково право, како и на меѓународното и националното македонско право, со кои тоа е озаконето, за што се предвидени редица мерки, казни и санкции!

Второ: „Треба да се постигне компромис за името“

Поимот „компромис“ сосема несоодветно се користи за означување на наметнатата обврска од Резолуцијата на ООН „...за разговори околу разликите со името...“. Разговорот е беневолентна, дури до забавна форма на комуникација меѓу две страни што и не мора да се рамноправни и кој формално не обврзува на епилог (решение), но претпоставува некаква еволутивност/приближување кон заемна согласност/решение за предметот на разговорот. Преговорите, пак, претставуваат процес на пазарење, надмудрување.

Од друга страна, „компромис“ сам по себе претпоставува отстапки од двете страни, кои треба да се рамноправни во конкретен спор, при што заемно прифатливото решение треба да произлезе од отстапките што двете страни би ги направиле во заемен интерес, односно остварување на поголеми/подобри бенефиции, кои по дефиниција треба да се поголеми/поважни од цената на отстапките за секоја од двете страни.

Во случајов со името, страните (МКД и ГР) ниту се рамноправни, ниту во позиција двете да отстапат од свои позиции, затоа што едната (ГР) ништо не губи, туку само профитира од промена на името, а другата (МКД) во секој случај, дури и да се зачува името, веќе (за) губи чекор во напредокот во однос на оној што би бил постигнат во нормални услови, троши непотребно време и енергија, но и мирен и спокоен живот на нејзините граѓани, кои заради себезачувување се исправени пред постојани уцени и понижувања.

Спротивно на Резолуцијата на ООН и на Привремената согласност, постепено, неосновано, а најмногу - подмолно, „разговорите“ се заменија со пазарење („преговори“), а процесот на разговорите се замени во отстапки насочени исклучиво кон целосно исчезнување на Македонија („компромисно решение“).
(продолжува)

Олгица Никола Трајковска, Македонка од Република Македонија  

Извор: Нова Македонија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1110111029478&id=13&prilog=0&setIzdanie=22427

Друго:
Стереотипии за името (2)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1166
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2754
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

29/06/2025 - недела

Петровденски пости (на риба)

Свети Тихон, епископ Аматунтски; Светите маченици Тигриј и Евтропиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная