логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


ТОЛСТОЈ: ПОТРАГА ПО БОГА 

„Мистика - ВО ПОТРАГА ПО ЖИВИОТ БОГ“    од Никострат Саронски и Драган Симовиќ


Лав Николајевиќ Толстој (1828 - 1910), голем руски книжевник и мислител, чии што дела извршија големи влијанија на руската и светската книжевност и мисла во „Исповеди“ пишува за еден период од својот живот во кој што го опседнувале самоубиствени  тенденции, а неговото срце го мачеле тешките емоции кои што тој ги нарекува „Потрага по Бога“.

„На моменти во умот“, пишува Толстој, ги проверував наводите на Кант и Шопенхауер  за невозможноста да се докаже постоењето на Бога, во друг момент се обидував да им противречам.  Причината, си говорев себе си, не е иста категорија на мислење како просторот и времето.
Ако јас СУМ, тогаш за тоа и постои причина и причина на причината. А таа причина на  се, е она што го нарекуваат Бог!   Одново и одново, по различни други патишта доаѓав до тоа исто сознание дека јас не сум можел биз било каков повод , причина и смисла да се појавам на светот, дека  јас не можам да бидам такво голуждраво пиле кое испаднало од гнездото како што се чувствував.
 Јас, тоа испаднато пиле,  дури и нека лежам на плеќи,  дури и нека пиштам на високата трева, но јас пиштам затоа што знам дека во себе ме носела мајка, ме извела, ме греела, ме хранела, ме сакала.
Каде е таа, таа моја мајка?
Ако сум напуштен, кој ме напуштил?
Јас не можам да сокријам од  себе дека некој ме родил од љубов.
Кој е тој некој? - Пак бог.

„Тој го знае и го гледа моето трагање, очајување и борба.  Тој постои“  - си говорев сам на себе. И требаше  тоа да го признаам само за миг и животот во мене веднаш се креваше, и  ја чувствував и можноста и радоста на постоењето.
 Но, повторно од признанието за постоењето на бог преминував на барање на однос кон него и повторно  ми се преставуваше оној бог, нашиот творец, во тројство, кој го пратил својот син искупител.
И повторно тој, од светот и од мене одвоен Бог, се топеше и се топеше пред мои очи, како парче мраз и пак ништо не ми остануваше
и пак пресушуваше изворот на животот, а јас паѓав во очајание и чувствував дека не ми останува  ништо друго, освен да се убијам!  И што беше уште полошо, чувствував дека ниту тоа не можам да го сторам“.

Вакви чувства го мачеле Толстој уште долго,  стотици пати паѓал , час во состојба на радост и оживување, час  пак,  во очајување и сознание дека е невозможно да се живее. Тогаш се случил оној пресврт кој Толстој вака го опишува:
„ Се сеќавам, беше тоа во рана пролет, бев сам во шумата  и ги ослушнував шумските звуци. Ослушнував и мислев постојано за едно и исто, бидејќи последните три години постојано и мислев само   за едно и исто.
Пак го барав бог. И се сетив на сите оние умирања и оживувања кои во мене се случуваа стотици пати.  Се сетив дека живеев само тогаш кога верував во бога. Како што беше порано, така е и сега, си реков сам на себе си; кога ќе го спознаам бог, и  јас  живеам;  кога ќе го заборавам и не верувам во него и јас умирам.

Што претставуваат тие оживувања и умирања?
Зарем јас не живеам и кога ќе ја изгубам верата во постоењето на бога, зарем јас одамна не би се убил кога во мене не би постоела матна надеж дека ќе го најдам?
 А ете, јас живеам, навистина живеам кога го чувствувам и го барам него,  па што јас уште барам -  крикна еден глас во мене-
Па тоа е тој. Тој е тоа, без што е невозможно да се живее.
Да се спознае бог и да се живее - тоа е едно исто.
Бог е живот“.

„Живеј, пронаоѓајки го бог и тогаш нема да има живот без бога“. И посилно од било кога, сето тоа во него и околу него го осветли светлина која што не го напушташе. Толстој се спаси од самоубиство!

 „Како да  ми се има случено ова:  не се сеќавам кога ме ставиле во чамец,  ме оттурнале од некој за мене непознат брег, ми ја покажале насоката кон другиот брег, ми дале весла во неискусните раце и ме пуштиле сам. 
Ракував со веслата како што умеев и пловев; но колку пловев подалеку кон средината на реката, толку струјата стануваше се побрза, ме одвлекуваше се подалеку од целта, се почесто ме среќаваа бродари исти такви како мене, носени од струјата.
Имаше осамени бродари кои продолжуваа да веслаат; имаше бродари кои ги фрлиле веслата; имаше големи чамци, огромни лаѓи полни со народ;
едни се бореа со струјата , други и се препуштаа. И колку подалеку пловев, се повеќе гледајќи во оние кои пловеа низ струјата,   заборавав на насоката  што ми беше дадена.


  На самата средина на вртлозите, стиснат меѓу чамците и лаѓите  носени низ вода, веќе сосема ја изгубив насоката и ги фрлив веслата.  Од сите страни, весело и ликувајќи, пловеа околу мене на едра и со весла бродари низ вода, уверувајќи се еден со друг и мене, дека друга насока ниту може да има.
Јас им поверував и пловев со нив и бев однесен далеку, толку далеку што го слушав шумот на водопадите  на кои требаше и јас да се здробам и здогледав чамци кои што беа здробени на нив.


И се сепнав. Долго не можев  да сфатам што се случило со мене. Ја видов пред себе онаа иста опасност по која јурев и од која се плашев, никаде не видов спасение и не знаев што да правам. Но, свртувајќи се назад , видов безброј чамци кои без престанок упорно ја сечеа струјата, се сетив на брегот, на веслата и на насоката и почнав да веслам назад, наспроти водата и кон брегот.

Брегот   - тоа беше Бог;
насоката   - тоа беше преданието;
веслата   - тоа беше слободата која ми беше дадена за да довеслам до брегот.
Да   се „соединам со Бог“.
Значи, силата на животот  се обнови во мене и јас пак почнав да живеам“.

Преведе  М. Даниловска Мина



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1073
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2641
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная