ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ ИМААТ ВЕРОНАУКА СО ДЕЦЕНИИ
Сакаме во Европа, а неќеме веронаука. Не бива.
Веронауката се изучува во многу земји во светот. Во некои од нив, како на пример Италија, Шпанија, Португалија, Ирска, Словачка, Хрватска, Германија, многу поексплицитно во уставните преамбули се споменува името на Бога и верата, па во ниту една од овие држави не е нарушена секуларноста, туку напротив дополнително е зајакната
Македонската православна црква денеска со биење на сите црковни камбани точно на пладне ќе ја буди свеста за потребата од верско образование. Синодот ваквата одлука ја донел како најава дека и покрај одлуката на Уставниот суд, Црквата ќе продолжи да бара алтернативи за враќање на вероучението во образовниот процес.
Македонија се уште ја бранува неодамнешната одлука на Уставниот суд. Главното образложение на уставните судии беше дека веронауката се коси со уставниот член кој потенцира дека верските нинституции се одвоени од државата и на тој начин се нарушува секуларноста.
Но вакви уставни одредби имаат речиси сите држави од европската Унија. Во некои од нив, како на пример Италија, Шпанија, Португалија, Ирска, Словачка, Хрватска, Германија, многу поексплицитно во уставните преамбули се споменува името на Бога и верата, па во ниту една од овие држави не е нарушена секуларноста, туку напротив дополнително зајакната иако во образовниот систем кај сите нив постои верската поука, регулирана со закон.
Вечер направи еден преглед по државите како е решено ова прашање.
Хрватска. Оваа држава веќе подолго време има класично верско образование. Уставот ја има речиси идентичната одредба од македонскиот устав. Верските институции се одвоени од државата и слободни во правото да основаат верски училишта.
Словачка. Држава чиј Устав се потпира на вредностите на Св. Кирил и Методиј. Словенските просветители во Уставот на Словаците имаат централно место.
Во основното образование децата имаат право на избор да изучуваат еден час неделно религија или етика.
Австрија. Веронауката е составен дел од образовниот систем од 1945. Се изучува два часа неделно, со право на родителите на децата помали од 14 години да можат да бираат изземање од задолжителната настава.
Германија. Сличен пример на Австрија. Задолжителен предмет со можност за изземање.
Белгија, држава во која се наоѓаат седиштата на двете најмоќни политички институции, Европската Унија и НАТО. Таму постојат два вида училишта. Државни и католички. Во католичките верската поука е задолжителна, но во државните има право на избор-настава по религија или етика.
Ирска. И во основните и во средните училишта постои класично верско образование, кое е дел од редовните часови.
Италија. Веронаука се одржува во сите училишта, финансирана од држвата. Постои опција за изземање од задолжителното изучување.
Во Полска, од 1989 учениците избираат меѓу веронаука и етика.
Во сите училишта во Португалија и во Шпанија, веронауката е задолжителна, со право на избор на учениците.
Норвежаните и Швеѓаните во образованиот процес изучуваат религија. Во Норвешка тоа е предмет за христијанството, во Шведска Познавање на религиите.
Финска е држава со исто така задолжително религиско образование во средните и во основните училишта.
Франција е една од ретките држави од Европа, која нема веронаука. Но сепак во државните училишта постои можност еден ден од неделата, како воннаставни активности да се учи веронаука.
(М.Н.) -Вечер
Друго:
Соопштение- По повод укинувањето на веронауката во основните училишта
Посети: {moshits}