Актерот Кијану Ривс веќе неколкупати објави силни пораки со кои директно погодува во сржта.
Неговите мисли натерале многумина да си го стават прстот на чело. Овој пат тој се осврнал на големиот број парадокси во денешното општество, а ова се неговите зборови.
„Не можам да бидам дел од свет во кој мажите ги облекуваат своите сопруги како проститутки, покажувајќи сè она што би требало да биде драгоцено. Каде што не постојат чест и достоинство, и каде што единствено можете да се потпрете на зборот „ветувам“.
Каде што жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство.
Каде што будалите веруваат дека се успешни сè додека се кријат зад воланот на автомобилите на нивните татковци, а татковците кои имаат малку моќ се обидуваат да ве уверат дека сте никој и ништо.
Каде што луѓето лажно се декларираат дека веруваат во Бога со чашка алкохол во раката и без никакво разбирање за својата религија.
Каде што љубомората се смета за срамна, а скромноста за мана.
Каде што луѓето забораваат на љубовта, но го бараат идеалниот партнер.
Каде што луѓето го поправаат секој шум на автомобилот не штедејќи ни време ни пари, а тие самите изгледаат толку сиромашно што само возило може да ги покрие.
Каде што момците трошат пари на своите родители во ноќните клубови имитирајќи примитивни журки, а девојките поради тоа се заљубуваат во нив.
Каде што мажите и жените веќе со години не се разликуваат, и каде што сето тоа се нарекува слобода на избор, но оние кои ќе го изберат поинаквиот пат се жигосани како ретардирани насилници.
Јас го одбирам својот пат, но штета што не наоѓам разбирање кај луѓето меѓу кои најмногу сакав да го пронајдам“, напиша познатиот актер.
(Обновено)