Модерна зависност
Последните истражувања покажуваат дека децата ширум светот, а посебно оние во развиените општества неколку часа дневно гледаат во некој вид екран, без разлика дали се работи за телевизор, компјутер, таблет или мобилен телефон.
Најновото британско истражување покажува дека децата поминуваат сè повеќе време гледајќи во некој од екраните - од телевизорите преминуваат на компјутерите, па на мобилните телефони, со мали паузи само за јадење, превоз или спиење.
Според тоа, единствениот природен амбиент кому децата најмногу му посветуваат внимание е оној кој го гледаат и слушаат на своите електронски уреди.
Британските експерти тврдат дека ако родителите се обидат да го ограничат времето на гледање во екранот, тие ќе покажат симптоми на повлекување во себе и депресија, кои можат да бидат посилни од оние кои се искусуваат при зависност од дрога или алкохол.
Истражувањето во кое биле вклучени неколку стотина ученици и студенти покажало дека при одземање на електронските уреди, субјектите покажуваат знаци на нервоза и голем бес.
Исто така, повеќето ученици и студенти кои учествувале во наведената студија го нарекле својот однос кон техничките уреди „зависност“.
Голем дел од нив изјавиле дека се чувствуваат „осамено, изгубено и отуѓено“ кога немаат пристап до електронските комуникациски уреди.
Се чини дека тие полесно би се одвикнале од дрога, отколку од зависноста од своите компјутери.
Извор: The Telegraph
Преземено од: http://www.okno.mk/node/30835