СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН
ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949
18 јули 2014 година, Скопје, Македонија - По повод големиот семакедонски празник Илинден, како годишно чествување и одбележување на насилно прогонетите деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, делегации на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес на 19 јули 2014 година (сабота) со почеток во 9.00 часот ќе положат свежо цвеќе на споменикот на децата бегалци во паркот Жена-борец во Скопје.
Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН истиот ден во 11.00 часот ќе се одржи панихида за упокоените прогонети деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија, во Соборниот храм на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На чествувањето добредојдени се сите Македонци и граѓаните на Македонија.