Documentary Rough Cut Boutique ќе опфати пет надежни документарни проекти кои се во фаза на груба монтажа чии автори ќе имаат прилика да работат со врвни европски експерти од областа на документарниот филм.
Предавањата ќе бидат водени под менторската палка на Rada Sesic, селектор на документарната програма во склоп на Sarajevo Film Festival и Martichka Bozhilova, директор на Balkan Documentary Center и еден од најуспешните продуценти од Р.Бугарија.
Работилницата е отворена за автори од земјите од Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Малта, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција и Молдавија за долгометражни-документарни филмови (кои се во фаза на груба монатажа, со времетраење подолго од 60 мин) и имаат потенцијал за пласирање на меѓународно и регионално ниво.
Конкурсот за аплицирање е отворен а крајниот рок е до 21 јуни 2013 година.
Подетални информации можете да најдете на следниов веб сајт http://bdcwebsite.com/.
Со почит,
Филмски фонд на Р.Македонија