Што е Прв до врв?
Спортско-рекреативен настан со кој Скопјани еден ден во годината со масовно качување го прославуваат постоењето на својата планина Водно.
Качувањето има натпреварувачки карактер за оние кои сакаат да се докажат дека своето редовно дружење со Водно резултирало со рекордно време за качување од подножјето до врвот на Водно.
Планинарска трка
На 1 јуни во 9 часот од ОУ Кочо Рацин ќе започне масовна трка за качување до врвот на Водно
Велосипедска трка "Солидарност"
На 1 јуни со почеток во 9:30 од Музејот на град Скопје ќе стартува трката за велосипедистите
Пикник
На 1 јуни од 12 часот на врвот на Водно ќе се организира масовен олимписки пикник со богата забавна програма. На пикникот го прославуваме и вториот роденден на жичницата на Водно.
За да учествувате на некоја од трките, ќе мора да се пријавите на слениот линк: клик-тука!
За учество во Прв до врв се плаќа котизација од 100 ден.
Секој пријавен учесник ќе добие стартен број, вода за време на трката, сертификат за учество и маичка Прв до врв доколку оствари пласман во првите илјада натпреварувачи. Најдобрите ќе добијат медали и награди, а сите учествуваат во наградна лотарија.
Инструкции за уплатата и подигнувањето на натпреварувачкиот број ќе бидат испратени на е-маил.