Апел од МАН
Македонската асоцијација на новинари, утре (вторник 11.06.2013), од 11.30 до 12.00 ќе организира мирен протест пред канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија, со цел да изрази нездоволство од одлуката на грчките власти да забранат влез на новинарката на дневниот весник, “Дневник”, Ивана Костовска.
МАН бара објаснување и повлекување на одлуката на Р.Грција со која новинарката, Ивана Костовска е прогласена за “непожелнa личности, со карактеристика опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи”.
Македонската асоцијација на новинари апелира до сите нивинари во Македонија да искажат солидарност и да присуствуваат на мирниот протест.
Македонска Асоцијација на Новинари
МАН