Видлив знак на присуството Божјо
24 јануари 2015 лето Господово
Женскиот манастир на светиот апостол и евангелист Јован Богослов од Ливенско-Малоархангелската епархија,krest.jpg сооштува за едно чудесно собитие:
Ноќта спроти 20 јануари, после завршетокот на празничното богослужение, жителите на манастирот станаа сведоци на едно прекрасно собитие. Имено, на дрвеното Распетие на Господ и Спасителот наш Исус Христос, коешто се наоѓа во храмот, на неколку места се појави миро. Видливи капки течеа од Пречистиот Лик на Спасителот и од Неговото Божествено Тело. Мироточењето продолжува и денес. Навистина се чудесни Твоите дела, Господи!!!
Извор: Корсун-бм
Преземено од: Бигорски манастир