логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

07/05/2015   Поуки - совети

Сечесната уметност на иконописот на Источната православна црква е свештена и литургиска уметност, како и сите останатите црковни уметности кои имаат духовна цел и смисла.

Целта на тие свештенските уметности не е простото украсување на храмот со живопис, да би бил угоден и пријатен за неговите посетители или за да тие би ужувале во слушање на музика, туку да се издигнат во таинствениот свет на верата преку духовната лествица, која што за скалила ги има свештените уметности: химнословата, псалмопеењето, архитектурата, свештенописот и другите уметности, кои сите заедно помагаат во душата на верниците да се обликува таинствениот Рај, дишејќи го духовниот светоглед. Оттука, делата на црковната уметност во Источната Црква се најнапред толкувања и објаснувања за боженственото Откровение.

Уметноста на иконописот во православната црква се нарекува – хагиографија, како таа која ги живоопишува светите личности и светите настани. А самиот хагиограф т.е. иконописец не е просто мајстор, кој изработува слика на некоја од религиозните теми, туку тој има духовно достоинство и духовно служење, кое го врши во храмот, како свештеник и проповедник.

Литургиската икона има теолошка смисла. Таа не е како што веќе рековме слика, која се прави за уживање на окото или за да просто не потсетува на светите личности, како што е случај со сликите, кои ги држиме за да не потсетуваат на саканите роднини и пријатели. Таа се слика на таков начин за да не издигне од овој распадлив свет и за да ни помогне да го помирисаме новиот мироглед на Царството Божјо. Затоа таа нема никакви сличности со сликите, кои на телесен начин претставуваат некои лица, макар тоа биле и светителски, како што е случајот со религиозната уметност на Запад. Во литургиските икони светите лица се сликаат во нераспаѓање.

Од тие причини литургиската уметност не се менува така брзо како другите човечки работи, туку е постојана, како и Црквата, која ја манифестира. Свештеното предание е огнен столб кој ја води низ пустината на непостојаниот свет. Ова им изгледа чудно на луѓето од овој век, кои не се во состојба да навлезат во длабочината на духовното море, туку пливаат по површината на сензуалноста, фрлени од брановите и водени вртлоци.

Литургиската уметност ги храни духовните погледи и чувства на верните, приклучувајќи го тоа што влегува преку дверите на слушнатото , веселејќи ја неговата душа со небесното вино и дарувајќи му спокојство на умот.

Со оглед на тоа дека дејноста на литургиската уметност има своја техничка и практична страна може некој да помисли дека таа како таква нема никаква врска со теологијата. Меѓутоа, тој треба да знае дека во православната црква се има духовна смисла. Така и во техниката на иконописот сè станува духовно, па дури и приборот за сликање, и боите и ѕидовите, и даските, и сите материјални работи се осветуваат со благодатта на Светиот Дух, станувајќи средства на едната свештена уметност.

Техничкото знаење не претставува некаква механичка работа, туку тоа учествува во духовноста и светоста на тие работи, кои сака да ги преобрзи. Затоа и во техничкиот речник на иконописот, називот оружје, и изразот кој ја има секоја работа во него, има религиозен карактер. Дури и материјалот, кој го употребува иконописецот станува благословен, насочен, благоугоден, тих. Така, на пример, за да направи јаглен со кој ќе го изведе цртежот употребува лесково нераскапано или дрво мирсиново; за да направи даска на која ќе ја наслика иконата, употребува чемпресово, ореово, костеново, липово или некое друго миризливо дрво. Повеќето бои се од земјата, која мирисаа кога ќе се натопи со вода, посебно оние за ѕиден живопис: мирисаат како ридовите за време на првите дождови или како нов брод со свежа вода. Облогите мирисаат како тамјан така што оној кој ја бакнува иконата чувствува мирис на духовен мир.

Материјалите за икони се бои од кои повеќето се земјени: јајца, вода, восок, сок од бор (катран), мед и др. Кратко кажано, оваа осветена уметност не употребува груби и густи материјали како што световното сликарство употребува ленено смрдливо масло и згуснати бои и груби четкички.

Што се однесува на речникот на иконописната уметност, таа е како некој да чита житие или некоја друга црквена книга; така се чувствува човек кога чита некоја техничка книга која се занимава со оваа уметност. Зборувајќи за техничките работи, иконописците често употребуваат религиозни и богословски изрази, како на пример, следното: насликај тенка линија на испакнатините, не само со бела боја, туку и со малку жолта, за да бидат смирени и мили, или: цртите така добиваат сладост и побожност, итн.

Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина, а не телесна. Оваа уметност е испосничка и скромна, сиромаштвото изразува богатство; и како што Евангелието и Стариот завет се зумирани и краткореки, така и православниот иконопис е едноставен, без премногу украси и без залудна суетност.

Старите иконописци кога сликале и постеле, а кога ја започнувале иконата се пресоблекувале за да би биле чисти и надворешно и внатрешно; работејќи и сликајќи пееле за да нивното дело биде мило и за да не им се расејува умот по светот и световните работи.

Затоа, по литургиските икони им се чинат грди на оние во кои господари духот на овој свет, лицата според нив немаат форма ниту убавина, бидејќи телесното мудрување е непријателство на Бог (Римјаните 8,7). Во свештените икони телото се распнува со страстите и желбите. Нивната духовна убавина е блага промена за која зборува свeти Симеон Нови Богослов дека ја видел на испостените лица на своите духовни деца за време на четириесетдневниот Велигденски пост.

Таинствената Врата (Двер), на Исток е затворена и ќе биде затворена за оние кои се занимаваат со телесно знаење, знаење кое се воздигнува, т.е., кое го прави човекот горд, според апостол Павле. Додека се очите Господови над смиреноумните, нив ги преработува. Колку што побожност, смирение и вера имале иконописците, кои ги сликале иконите, исто толку побожност, смирение и вера треба да има оној, кој ги почитува, за да би се удостоил со мистичната благодат, која што од нив се излева, по следниве зборови на светиот Григориј Богослов, кој вели: Иста сила му треба на пророкот и на оној кој го слуша пророкот, и нема да може да го слушне пророкот се додека Духот на пророштвото не му подари мудрост за разбирање на неговите зборови.

Превел:
Петар М. Петковски,
студент на теологија во III година при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

 

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная