логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ставот на Христијанството кон човековото тело
Tuesday, June 30, 2009

Ставот на Христијанството кон телото е принципелно различен од сите други религии. Христијанството е религија на воплотениот Бог, на Божјиот Син кој стана човек. Светиот апостол Јован Богослов, за воплотувањето пишува: «И Слово стана тело и се всели среде нас – исполнет со благодат и вистина; и ние ја видвме неговата слава, слава како на Еднородниот од Отецот” (Јн.1:14).

Паганството, при сета негова привидна љубов и угодливост во однос кон с? што е земно, всушност кон телото секогаш се однесувало со неизбежен презир. Впрочем, поинаку и не можеш да се однесуваш кон телото, ако сметаш дека неговата крајна судбина е да биде храна за црвите. Презирањето на телото е својствено и за други религии, како на пример, Будизмот. Според некои будистички медитации: «во овој костур облечен во кожа, не може да се најде ни трага од нешто што би било вистински чисто, како што се чисти бисерите… Видливата слика треба да помине и да остане само чувството на одвратност». Ваквиот презир е сосема разбирлив, ако телото е случајна обвивка, која при следната реинкарнација ќе биде заменето со друга.

Но, зарем не е слично и со христијанските аскети, кои го истоштувале телото со строги постови, со тешка работа и со многу други несфатливи аскетски подвизи? Секако, не. Авва Пимен за смислата на христијската аскеза вели: „Ние сме учени да бидеме – не убијци на телото, туку – убијци на страстите.”

Свети Јустин философ пак, прашува: „Што е човекот, ако не разумно живо суштество – составено од душа и тело? – И така, душата самата по себе, човек ли е? Не… А телото, ќе може ли да се нарече човек? – Не… Туку, само суштеството кое е сочинето од двете, се нарекува човек». За христијанинот, душата е „ветена” за телото и е нераздвојна од него. Уште повеќе: токму во тоа единствено тело мора да се изврши спасението и осветувањето на целиот човек.

Големиот руски философ од ХХ век, А.Ф. Лосев, еднаш забележал: «Нема религија без телото, зашто телото е извесна/позната состојба на душата, како што и душата е позната состојба на духот; и судбината на духот е судбина на душата, а судбината на душата е судбина на телото… ».

Оттука и произлегува принципиелно различниот однос на христијанството кон телото.

Колку само човек различно го чувствува своето тело. За бебето – телото е самото тоа: главата, рацете, нозете – и сето она што го сочинува телото – е она преку што живее детенцето, со што влегува во непозатиот свет, го опипува, го разгледува, го пробува со своите млечни запчиња.

Телото на момчето е нешто повеќе: неговите способности растат секој ден. Расте телото, доаѓа и свеста дека личноста, своето „јас” не е само телото; телото е мое, тоа со мене е цврсто поврзано и нераскинливо, но сепак, моето суштество не се исцрпува со телото. Да, тоа може да се замори, тоа треба да се храни и да се одржува, но сепак среќен е оној што го научил телото да му биде послушно на домаќинот: во негови раце тоа станува послушен инструмент.

Животот на возрасниот човек, созреаниот, во многу зависи и од состојбата на неговото тело. Некогаш развиеното тело, во староста станува извор на маки и болести… И тогаш остарениот човек често се прашува: Каде се телесните наслади? Каде е жарот на младоста? Зарем не е привид животот што поминал пред очите чиј сјај полека гасне?

Сепак, христијанинот е свесен дека телото не е «вреќа со коски и друга нечистотија» – како во толкувањето на Будизмот, или пак «затвор за душата» – како во елинската философија. Телото е единствен инструмент со кој душата го твори својот живот – станувајќи или подобра и почиста, или потемна и порасипана.

Нашето тело е кола со која треба да отпатуваме во вечниот живот, но треба да имаме предвид дека таа кола не е сосема исправна. Уште од моментот на гревопадот, телото почнало да се стреми тирански да ги потчини на своите животни потреби; и душевните, и духовните стремежи на човекот. Како авион со расипан систем за ориентација, човечкото тело покажува дека е под влијание на грев и е неспособно за беспрекорно извршување на својата предназначеност. Катастрофата би била неизбежна, но во Христос кој ја прими целата полнота на човечката природа – освен гревот – настана кавлитативна измена на човечката природа, или сликовито кажано; не само «установување на првичните координати» за движење, туку и пробивање на најкраткиот пат до спасението.

Во Телото на Христос, односно во Неговата Црква која е Негово тело – секој верен, кој се нурнува во смртта и воскресение Христови преку Крштението и хранејќи се со Неговите Свети Тајни во Литургијата, добива осветување на своето тело уште во деновите на своето земно битие. Токму тоа им дава право на христијаните да му благодарат на  Бога, за овој дар на живот во тело, да му благодарат за убавината, силата и премудроста, кои христијанската вера ги гледа во целото создание, што значи и во човечкото тело.// Религиозная энциклопедия.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная