За бракот и семејниот живот
Записи од дневникот за септември 1899 год.
Државничка Императорка Александра Феодоровна Романова
Во овие записи на Императорката Александра Феодоровна се содржат извадоци од дела кои ја вдахновувале. Тие биле запишани од Царицата во септември 1899 год, 5 години после нејзината свадба, кога веќе имала три ќерки. Тогаш со особено чувство ја пречитувала книгата на Џ. Р. Милер „Домостроителство, или идеален семеен живот“. Цитатите јасно покажуваат што било блиско до нејзиното срце, што ја мачело и обеспокојувало во секојдневниот живот. Интересно ќе биде да се обрати внимание на некои потцртувања во текстот, повлечени од раката на Царицата.
Смислата на бракот е во тоа, да принесува радост. Се подразбира, дека сопружничкиот живот – е живот најсреќен, најполн, најчист, најбогат. Тоа е востановување од Господ за совршенство.
Божја замисла за тоа, бракот да би принесувал среќа, да би го правел животот и на мажот, и на жената пополн, за ни еден од нив да не би изгубил, а двајцата да би победиле. Ако сепак бракот не станува среќа, и не го прави животот побогат и пополн, вината не е во брачните узи; вината е во луѓето, со нив соединети.
Бракот – тоа е Божествен обред. Тој бил дел од замислата Божја, кога Тој го создавал човекот. Тоа е најтесната и најсветата врска на земјата.
После склучувањето на бракот, првите и најглавни обврски на мажот се однесуваат кон неговата жена, а кај жената –во однос кон мажот. Тие двајцата се должни да живеат еден за друг, да го дадат животот еден за друг. Пред тоа секој бил несовршен. Бракот – тоа е соединување на две половини во едно цело. Два животи сврзани заедно во таков тесен сојуз, што тоа веќе не се два живота, а еден. Секој до крајот на својот живот носи свештена одговорност за среќата и повисокото добро на другиот.
Денот на свадбата треба да се помни секогаш и да се одделува особено меѓу другите важни дати во животот. Тоа е ден, чија светлина до крајот на животот ќе ги осветлува сите други дни. Радоста од склучувањето на бракот не е бурна, а длабока и спокојна. Над брачниот олтар, кога се соединуваат рацете и се произнесуваат светите завети, се симнуваат ангели и тивко ги пејат своите песни, а потоа го осенуваат среќниот пар со своите крила, кога започнува нивниот заеднички животен пат.
(Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски