логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Второ писмо до адвентист!


Мислам дека воопшто не е бесполезно и неефикасно, ниту, пак, губење време, да зборуваме отворено за прашањата кои предизвикуваат реални проблеми и застои во нашето приближување кон Царството Божјо, кое е единствената надеж и смисла на нашето христијанско живеење. Впрочем, верувам ќе се сложите, дека ова што го зборувам е и основен библиски принцип кој во основа ја содржи љубовта, а таа пак ја раѓа толерантноста, разбирањето и трпението меѓу луѓето. Искрено жалам што од целото мое писмо, вашето внимание го привлекла една метафора, која воопшто не беше наменета за лично да ве навреди, туку да даде попластично објаснување на вашата критика за тоа како ние православните сме го утврдиле новозаветниот канон. Мојата првична намера не беше да мудрувам и да докажувам кој колку е паметен и снаодлив, туку да ви укажам на вистината, што како Епископ на Црквата Божја, го сметам за моја обврска и пред Бога, но и пред народот. Добро знаете како Христос рекол за тоа што прави човекот кому 99 овци му се згрижени во трлото, а само една е загубена, и каква радост приредува кога ќе ја најде и поврати во својот дом. Се надевам дека и ова нема да го сфатите навредливо, впрочем, таков стил на изразување имал и Самиот Господ Исус Христос, а ние, кои во сè се обидуваме да Го следиме, веројатно, несакајќи и несвесно, ги усвојуваме Неговите лични карактеристики.
Во вашето писмо, во неговиот поголем дел, полемизирате со отец Ратомир Гроздановски, а јас не сакам да се впуштам во расправа во негово име, за да не испадне дека сум негов адвокат. Се надевам дека тој лично ќе најде за потребно да ви одговори и појасни зошто и како напишал и се произнел за адвентистичката теологија. Она што ќе се потрудам да го појаснам и одговорам е она што директно мене ме прашувате и што мислам дека е битно за исправање на вашите ставови, но и рушење на предрасудите кои ги имате за Православието воопшто. Не губам надеж дека ќе успеам барем за малку ќе ве поместам од ставот кој го имате за Православната црква. Знам и наполно сум свесен дека не е во моја сила да ве преобратам целосно, туку верувам дека тоа ќе го стори Господ Бог, Кој оние што искрено го бараат, па колку и да чекорат на погрешен пат, Тој е силен за да ги пречека во Својата топла прегратка. Затоа и се трудам околу ова писмо за да ви ја претставам вистината, а во исто време се молам Бог да биде Оној што чудесно и мистично ќе дејствува. Понекогаш, нам луѓето, поради нашите гревови, нашето самољубие и високо мислење за себе, не ни се јасни Неговите свети намери за секој од нас посебно, а јас се обидувам да се смирам и пред Него, но и пред тебе, говорејќи онака како што ме научил Светиот Дух и големите Оци и учители на Црквата Божја.
Прво, се жалите на тоа што православните ве ословуваат како секта или нововерци, а јас сметам дека тоа не треба да биде воопшто навредливо, затоа што со овие термини семантички се изразува вашето историско појавување, но и суштината на вашата теологија и практично живеење. Според лексиконот на Милан Вујаклија секта е помала верска заедница, која се одвоила од некоја поголема, што во однос на вас е сосема точно, зашто адвентистите се имаат појавено пред околу век и половина. Под секта се подразбираат сите оние кои во текот на овие 2000 години отстапиле од било кои причини од апостолското преемство и од преданието на Црквата. Како секта се сметаат и гностиците и еретиците и протестантските заедници, па и римокатолиците. Ако со комплекс и фустрираност ги гледаме работите, тогаш и ние православните ќе треба да се вреѓаме кога целиот свет нè нарекува ортодоксни, знаеш и самиот дека овој термин понекогаш има негативна конотација. Второ се навредуваш од терминот “нововерци”, а тоа била основната поента на реформацијата, таа не создала нова вера, туку точно “нововерци” - безброј индивидуалци кои по свое мнение си создале свои лични заедници. Некои од нив се повеќе тоталитарни, а некои поумерени. Според некои податоци во светот ги има над 5000 различни, кои меѓу себе се расправаат и за себе тврдат (разбирливо!) дека се тие вистинската Црква и наследници на апостолското учење. Логично е да се заклучи дека вистината не може да се раздели на 5000 делови, туку може да биде една и единствена. Ако прифатиме дека сè е релативно тогаш Црквата не би била столб и тврдина на вистината, а вратите на пеколот уште овде би ја надвладеале.
Токму на Црквата која нуди спасение, преобразување и боговидение ì припаѓале личностите кои ги спомнувате во своето писмо. Свети Василиј Велики и св. Јован Златоуст се тие кои ја упростиле дотогаш постоечката литургија и таа литургија сè уште се служи (неизменета!) во Православната црква. Сите тие биле монаси и некои од нив создавале монашки правила кои важат и ден денеска што значи врз основа на нивната теологија се базира и денешниот живот и учење на Православието. Нивното толкување на Светото Писмо, нивното живеење и нивниот подвиг (движење во духовниот живот) се применува и чува и од денешните генерации христијани и јас би бил неизмерно среќен доколку и адвентистите имаат намера да го чекорат патот, зацртан и трасиран од овие свети луѓе. Впрочем нивните правила на духовен живот низ сите векови на човековото живеење направиле Бог да биде видлив во срцата на луѓето, а надежта, верата и делата на христијанинот да бидат остварливи и применливи во реалноста. Претпоставувам, дека и самиот знаеш оти тврдењето дека се верува, а без притоа да не се исполнува она во што се верува е прикриено лицемерие и мртвило уште за време на животот. Големите свети оци на Црквата Божја, кои ти ги спомнуваш во своето писмо, ни зборувале пред сè за мистичниот однос и заедница меѓу човекот и Бога, која не се изградува единствено преку моралноста и декларативната вера, што произлегува од Писмото, зашто и многу други еретици, па и атеисти, живееле морално, па и во нешто верувале, но не успеале да го познааат Бога во Неговата големина и убавина. Моралот е меч со две острици, тој низ историјата се покажал и како голема бесмислица, за што бил оправдано критикуван од мнозина западни филозофи, но тој бил и пропратна компонента на оние кои престојуваат во божествените енергии. Јас отворено признавам дека адвентистите имаат моралност, но морал и етички системи создавале и атеистите, но она што не го гледам од вашето учење и од учењето на вашите најголеми писатели е недостигот на подвигот, на динамичност во духовниот живот, кој подразбира мистично искачување по духовните скалила и со тоа приближување кон реалноста Божја. Без ваков духовен напор Бог не може да се открие, зашто ако не се работи на чистење на срцето (не само преку морал, туку и преку аскеза) не може да се види Бога. Моралноста и надворешното исполнување на правилата понекогаш можат да го заробат човекот, но не и да го придвижат до Царството Божјо. Она што најповеќе го пишувале и проповедале споменатите оци е токму ова што јас накусо го зборувам. Од нив мнозина се родиле за новиот живот, го чекореле тесниот пат на вистината и спасението и со Божја помош пристигнале безбедно до Рајот, каде станале членови на небесната Црква и овде продолжиле да ја надградуваат својата мистична заедница со Богочовекот Христос и да се застапуваат за нас, овдешните христијани, кои ја преставуваме Црквата што сè уште војува со слабоста, гревот, распадливоста и смртта. Таквите луѓе ние ги нарекуваме светители, односно оние кои по Божја милост вкусиле од совршенството Божјо, што е начелната и крајната цел на нас христијаните - искажана директно од устата на Спасителот Господ Исус Христос - “Бидете совршени како што е совршен Вашиот Отец небесен”. Светителите се урнекот по кој ние овдешните христијани се угледуваме, тие ја будат постојано во нас заспаната надеж дека има спасение и избавување од прегратките и канџите на болната гревовност. Ние нив не сме ги испратиле на небото, ниту некого без основа сме го “прогласиле” за таков. Јас реков дека целата Црква и нејзиното учење е обвиткано од мистиката и од воспоставувањето на коректни односи со Бога. За нас Бог не е испратен некаде далеку во височините, туку, уште овде, во овој земен живот, е способен да дејствува во нашите срца постојано велејќи: Ава, Оче!. Според тоа Христос е реалност и секојдневие и за нас христијаните. Тој е видлив со окото на духот, но и за просветениот ум и исчистеното срце. Реков, подвигот е есенцијата на сето учење на апостолите, впрочем апостол Павле за друго и не пишувал освен за ова. Неговото учење е целосно прифатено, протолкувано и применето од страна на светите оци (св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Макариј Велики, св. Симеон Нов Богослов, св. Кирил и Атанасиј Александриски итн.), но и од оне што живеат ваков живот. Нивното учење е применливо и денеска. Доказ за тоа се и новите светители, чиј живот многу наликува на светоотечкиот, а нивното учење е проткајано со духот на апостолите и на светите оци. Такви се свети Силуан Атонски, св. Софрониј од Есекс, св. Јован Шангајски, св. Гаврил Светогорец - наш човек, штипјанец итн. Јас, искрено, се надевам дека ќе се држите до подвигот и духовното усовршување препорачано од светителите, кои вие ги спомнувате, и јас верувам дека нема да ì побегнете на Божјата прегратка. Се надевам дека ќе го примените она што било централно во учењето на св. Јован Златоуст, на св. Василиј Велики итн., и покајно, со скрушено срце, ќе дојдете во Православната црква и овде вистински, реално и спасоносно, ќе се причестите и соедините со Христа и со сиот народ Божји - Црквата. Овде, на литургијата, создадена од нив двајцата, преку просветеност од Бога ќе ја откриете смислата на шабатот, на Пасхата, лице во лице ќе Го сретнете Спасителот Христос, и по Божја милост ќе стекнете целосно познание на вистината, љубовта и слободата дарувана по распетието. Литургијата, според учењето на Златоуст и Василиј е предвкус од Царството Божјо, влегување во една нова, дотогаш непозната мистична димензија, во неа и на неа се губи значењето и броењето на денот, кој ја символизира несовршеноста на созданието, и овде се губи чувството за било кој ден од седмицата, зашто тоа е т. н. невечерен ден осми, денот на Небесниот Ерусалим, денот на целосно познание на вистината, кој благословен од Бога никогаш нема да зајде. Самиот Христос ни покажал како треба да се однесуваме со саботата и со останатите старозаветни правила. Си се запрашал ли, зошто апостолите заклучиле дека треба да го кршат лебот во првиот ден од седмицата, зошто соборно одлучиле јазичниците и новообратените да не мора да се обрезуваат иако и тоа е директна наредба од Бога, а не е измислица на Авраам и на неговите наследници. Ти и самиот знаеш како зборувал Павле за односот на Законот и благодатта, за смислата на воскресението и за значењето на чашата на спасението. “Ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера и празна ќе беше нашата надеж”. Токму врз овие зборови се темели и нашето одморање во недела, зашто на литургијата, постојано и одново, се случува воскресението и ни се дарува новиот и прославен живот. Павле убаво зборува за ослободувањето од правилата и прописите кои се мртво слово на хартија, преку кои народот го познавал гревот сè до појавата и спасоносното дело на Господа Исуса Христа. Христос рекол “во сабота е дозволено да се прават добри дела”, па затоа и ти прави така. Добро дело е да се ослободиш, и себе и другите, од стегите на мртвилото, од лажната моралност или од бесмисленото морализирање, да ја грабнеш слободата, да Го познаеш и да се облечеш во Воскреснатиот и така да ја исполниш смислата на религиозното живеење. За почеток пази ја и саботата, но запрашај се колку духовна полза и раснење таа реално ќе ти донесе. Внимавај само да не те “зароби”, да не ти стави непотребно бреме врз твоите плеќи, знаеш и самиот како Христос говорел за фарисејското морализирање. Мој смирен совет до вас е да не се бавите и да не губите енергија на маргиналности и непотребности и час поскоро да се зафатите со суштинско и вистинско живеење на духовен живот, кој ќе ве приближи и ќе ви го открие Христа, а Тој, пак, ќе ви ја открие тајната на Своето воплотување меѓу луѓето.
Во твоето писмо поставуваш многу прашања на кои делумно ти е одговорено во претходното писмо. Јас не сакам толку да ширам за да не испадне писмото многу долго. Единствено би сакал накусо да ти кажам дека твојата забелешка оти Црквата убила 100 000 луѓе се базира на предрасуди и целосно е неточна, ова му е јасно и на еден обичен историчар-атеист, кој нема интерес некого да штити и промовира.
Црквата, низ вековите, не убила никој, не ги мамела луѓето со апокалиптички прогнози, не пресметувала по десетпати кога Христос ќе дојде, не ги облекувала своите членови во бели облеки и со денови не стоела напразно на ливадите и полјаните за да се исполни нејзината безумност и предрасуда. Црквата, кога биле најголемите искушенија, му била мајка на овој народ, таа му претставувала и е единствената светилка во неговата историја, од нејзината широчина се родила писменоста, културата и цивилизациските обележја на македонскиот народ и на сите други православни народи. Таа секогаш му служела на овој народ и му ја сведочела благочестивоста, го воспитувала и воздигнувала и му го поплочувала патот кон Царството Божјо. Црквата постојано создавала, зашто ние сме тело Христово, а Христос е креаторот и создателот на сè што постои. Ако е Бог со нас, кој ли ќе е против нас.
Не се соблазнувај од несовршеноста на православните христијани, туку прифати го совршенството на православното христијанство. Впрочем, нас, како луѓе од верата, и не треба да нè интерсира многу за слабостите на нашиот ближен, туку многу повеќе треба да работиме на наше целосно освестување и духовно воздигнување. Не треба да бегаме од проблемите туку треба да се впрегнеме целите во нивно решавање. Бекството е најлесно и наједноставно решение, но не е и најправилно. И во еден обичен брак има проблеми, но се разбира ако за ситници почне да се бега, тогаш каде е љубовта, но и смислата на бракот кој претставува взаемно и меѓусебно надополнување и раснење во доброто и убавото.
Многу поздрав, секое добро и до скоро видување, кога за тоа ќе биде волјата Божја. Се надевам дека ќе се сретнеме на литургијата каде заедно, покајно и во љубов, ќе го созерцуваме божествениот Жених.


Митрополит Повардарски
†Агатангел (Станковски)

 Друго:

Митрополит Повардарски, г. Агатангел- Прво писмо до адвентист!

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная