логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
Пред извесно време, во разговор меѓу двајца интелектуалци, слушнав едно вакво нивно размислување: ,,Зарем чудата кои ги правел Христос се доказ за Неговата божественост? Апсолутно - не! Исус никогаш не би се обидел да ги присилува луѓето и не би ја забрзувал нивната согласност за да бидат со Него со помош на очигледноста... Чудото не е очигледен факт и може различно да се толкува...>.
Што да кажеме на ваквите богословски замаглувања?
Според нивното замаглување, веднаш се запрашав дали и текстовите со богословска содржина објавени во било кој часопис не се насилство на вистината над невистината, или, пак, свештеничката проповед во храмовите не е средство за потчинување на човекот? Дали има смисла да се зборува на оваа тема и нешто да се докажува? Го читаат ли интелектуалците Светото Писмо?
Се прашувам, зошто Христос ги изговорил овие зборови: ,,Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чудесата, што станаа при вас, тие одамна би се покајале во кострет и пепел; но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам> (Матеј 11, 21-22). Очигледно е дека Христос ја забрзал согласноста на присутните токму со помош на очигледноста, зашто овие зборови се лично Христови. Какво е тоа лажно човечко достоинство кое сака до небесата да се издигне, а на кое истовремено му пречи очигледноста на Христовата вистина? Зарем ова ,,интелектаулно размислување> не е прифаќање на мислата на Сартр: ,,Ако Бог постои, тогаш мене ме нема>? Христос не само што сака сите луѓе да дојдат до познавање на вистината и сите да се спасат, туку и им се заканува со предупредувачки зборови на оние кои ја отфрлаат вистината и кои се повикуваат на своите дела како на докази. ,,Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми; а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него> (Јован 10, 37-38). Впрочем, Светото Писмо и на Новиот и на Стариот Завет полно е со зборови за чудата кои Бог ги направил со единствена цел - да н# приведе кон вистината. Треба да се биде слеп за тоа да не се види. Сепак, треба да се нагласи дека Исус ги укорува оние кои не веруваат во чудата, но и оние кои истите постојано ги барале.
Чудото во христијанското сфаќање и во библиските настани секогаш има смисла на добродетел. Тоа никогаш не е доказ со кој се дозволува некој друг духовно да биде потчинет или материјално да биде искористен. Дури и тогаш кога говориме за чудото како за доказ дека Бог делува, тоа секогаш се сведува на добродетелство кое постанува доказ. Дарот, па макар тоа и да е чудото, кој се дава со намера другиот да се обврзе, престанува да биде дар и се претвора во трговија. Така сфатеното чудо не би било доказ на Божјата љубов, туку израз за обид на поробување. Православниот христијанин никогаш не може на својот Бог да Му припише таква непобожна намера - преку чудото Бог некого да го присили на покорност и на верување!?
Ако Исус чудата ги вршел првенствено за да прави добри дела, тогаш наивниот човек можеби би се запрашал: па тогаш, зошто Исус, со оглед на човечката бедотија, направил релативно толку малку чуда на добри дела? Зарем она што го направил не е безначајно во споредба со она што можел да го направи? И не случајно Великиот Инквизитор приговорил: Можел уште многумина да оздрави, многу млади од смртта да ги сочува, гладни да нахрани. Лесно можел, но не сакал!
Меѓутоа, ни ваквото богословско замаглување не држи место. Ако Исус вршел чуда за да $ помогне на нашата вера, за полесно да ја прифатиме вистината која ќе н# ослободи, тогаш неговите чуда се најголем дар и помош за нашата слабост, за нашата душа, чин на љубов и милосрдност не само кон оној, врз кого чудото е извршено, туку и кон сите луѓе од сите времиња. Чудата ги доживеале малкумина, но ни користат на сите. Чудата ја следат пораката за спасението како доказ за вистинитоста на таа порака, па не се и не можат да бидат чин на потчинување, туку само за ослободување од мракот, заблудата и злото.
Исусовите намери со чудата убаво ги разбираме преку чудото на умножувањето на лебот. Христос го нахранил насобраниот народ од сомилост, зашто почувствувал жал за нив. Но, дали само заради тоа? А ете ги нив повторно при Исуса и наредниот ден, и тоа токму заради тоа! Но, Исус не го повторува и наредниот ден чудото, туку сега ги укорува заради нивната лакомост по земниот леб. Преку ова чудо Он го подготвува народот за ,,лебот Божји... Кој слегува од небото и му дава живот на светот> (Јован 6, 33). Но, за нив овој говор за небесниот леб бил премногу тврд. Ниту очигледното чудо не било доволно убедливо сите да поверуваат, па затоа многумина и си заминале. А доколку не го направел Христос ни чудото, со сигурност тврдиме дека и сите би заминале!
Слушајќи ги с# почесто критиките упатени кон христијаните, се поставува уште едно прашање: зошто се сите тие обиди да се омаловажи апологетската моќ на Христовите чуда, зошто се негира нивната докажана сила и карактер? Зошто и кому му служи замаглувањето на вистината и на аргументите за таа вистина? Зарем денешниот човек е толку многу поразличен од оној во Христовото време, па затоа мора на секој збор да му даде поинакво значење? Зарем Бог, семејството, односот на родителите кон децата, почитта, спасението и с# друго што има вечен карактер не можат да имаат и непроменлива содржина и карактер од Христовото време па с# до денес? И зарем сите свети отци биле толку многу заостанати, па барајќи начин како најдобро да му проговорат на модерниот човек со неговиот јазик, говореле и со јазикот на Светото Писмо и го цитирале според оригиналот, а воедно говореле со јазик со каков што говорат нормалните луѓе и денес на улица, во средствата за соопштување, во кој убаво се вклопуваат и Христовите зборови за секој еден кој не сака магла и замаглувања, и кој не сака да бега од светлината во темнината. Нормално дека животот тече, понекогаш бара нови изрази, некогаш и новиот менталитет бара поинаков пристап кон човекот, некогаш и на куќата треба да се смени понекој камен, но с# да се доведе во прашање и с# да се негира, е тоа води директно во хаос! А Црквата, како носителка на Христовата вистина, не го сака хаосот, не е за револуција, ниту, пак, за ефтино уништување. Оние, кои сакаат да внесат богословски замаглувања во кристално јасното учење на Црквата, подобро нека си напишат самите за себе петто евангелие, во кое ќе можат слободно да манипулираат со произволните идеи, екстремните хоризонтали, политичката теологија, секуларизацијата, слободата без граници и во кое полесно ќе му најдат место на Че Гевара, отколку на некој простодушен верник, кој искрено и чисто верува во учењето на Мајката Црква.
Креаторите на богословските замаглувања, сите оние кои се сомневаат во учењето на Црквата и кои с# евангелско ставаат под лупа со цел да најдат некоја недоследност, а која никогаш не ќе можат да ја пронајдат, ме потсетуваат на еден лик од еден настан, кој ми го раскажа поранешен учител по веронаука. На еден од своите часови тој ги запрашал учениците: ,,Зошто Христос го носел крстот до Голгота? Некој мангуп од крајните клупи одговорил: ,,Затоа што крстот не можел сам да оди!>. Одговорот, иако несериозен, од една гледна точка, сепак, има и одредена доза на ,,точност>. Ако крстот навистина можел сам да оди, Христос сигурно би го пуштил да оди пред Него, зашто во целост беше истоштен и мораше да го препушти на Симон Киринеецот. Или, пак, ако Исус не сакал да го носи, со Својата божествена моќ можел да му заповеда да оди пред Него.
Меѓутоа, во Христовото носење на крстот откриена ни е друга тајна. Кога Он сакал да ја покаже својата љубов и милосрдност кон луѓето, тогаш тоа не го правел само со она, кое ништо не го чинело - со чудата, туку го зел крстот, го носел и дозволил на него да биде распнат и да умре од љубов кон нас грешните. И токму тука, во делото на добродетелноста Он е најголем! Така распнат Он не ни подал од трошките од Својата маса, туку од она што е најскапоцено - ни го дал животот и ја пролеал Својата крв заради нас!
На длабокото богословско прашање зошто Исус не го изменил лицето на земјата и човечката земна судбина, токму на тоа прашање одговорил Самиот Исус со тоа што не му заповедал на крстот сам да оди пред него, иако можел и тоа да го направи, туку доброволно го зел и го носел. Токму на тоа и н# повикува, зашто во крстот е нашето спасение, ослободување и откупување.
Светот денес многу почесто лудува. С# почесто му одговараат духовните магли и замаглувања. Слично на блудниот син, светот ја зел својата слобода и гордо чекори по широкиот пат кој води во пропаст. Многу е тешко во една таква состојба да го вразумиме блудниот син и да го застанеме во неговиот пат. Тој с# знае и него никој не му е дораснат. Кога еден ден ќе се најде во состојба на свињар, ќе го подигне својот поглед за да види дали на светот има уште некоја светла точка, некој лек за неговиот раскалашан живот, дали има некој град на врвот на планината, над маглите и замаглувањата, каде што би можел да појде. Ние честоапти се чувствуваме немоќни пред таквите. Затоа, да направиме с# што можеме во чувањето на светата вистина, но да не создаваме петто евангелие, да не постанеме блуткави, да не престанеме да бидеме град на врвот на планината и светилник. Денес навистина е тешко автентично да се живее со Евангелието, девственоста, христијанскиот брак, делотворната љубов. Но, во никој случај не смееме во името на ,,ослободувањето> на човекот да го одложиме крстот, не смееме да направиме крстот да оди пред нас како знаме, а ние комфорно по него да чекориме. Христос го зеде и го носеше. На тоа и н# повикува.
 
протојереј Златко Ангелески



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная